Ковачевски-Трендафилов: СДСМ е на страна на работниците, нема да дозволиме поигрување со синдикалното движење

Од:

Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски денеска имаше средба со претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ), Слободан Трендафилов и со претседателството на синдикатите.

На средбата се разговараше за актуелните состојби во врска со пресудата на Врховен суд со која објектот на ССМ премина во сопственост на државата.

Претседателот Ковачевски беше дециден дека е на страната на работниците, на страната на синдикатите и дека цврсто стои во одбрана на нивните интереси.
-Заштитата на правата на работниците, почитувањето и вреднувањето на нивниот труд е столб на социјалдемократијата. СДСМ нема да дозволи урбанистичко дивеење или уништување на синдикалното движење, кое е основа на прогресивните процеси во државата. Никој да не си замислува дека ќе биде поинаку и ќе може да си поигрува со синдикатот. Да се тргнат рацете од ССМ, ќе помогнеме да се најде најдобро решение и нема да дозволиме такво нешто, рече Ковачевски.

Владата во рамки на своите ингеренции треба да најде начин за решавање на овој проблем, настанат по одлука на Врховниот суд, потензираше Ковачевски и додаде дека Владата предводена од СДСМ, во изминатите години и покрај сите предизвици, опстои на ветувањата за политики за подобар живот, повисок стандард на граѓаните, на работниците.

-За сето тоа говорат и фактите, двојно е зголемена минималната плата, од 8,000 денари во 2016 година на 21.000 денари во моментов. Следува ново покачување на минималната плата во март оваа година на 22.500 денари. Владата на СДСМ еднаш засекогаш постигна одржливо решение заедно и со поддршка на Синдикатот. Дополнително, просечната плата е над 630 евра, што е покачување за речиси 300 евра во однос на 2016 година. Платите ќе растат и во иднина, СДСМ останува посветена на економските политики кои значат повисок животен стандард и поголеми плати – велат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Меџити спроведува робусна партизација со 3.000 партиски кадри, а Мицкоски молчи

А1он

ВМРО-ДПМНЕ реагира на пресот на СДСМ: Лага е дека ќе се вработуваат 3000 лица

Петрушевски: Ако Филипче и СДС не го осудат говорот на омраза на Орданоски кон Трамп и САД тие даваат сигнал дека се согласуваат

Кузеска: Историски најголема партизација, 3000 партиски кадри ќе вработи Изет Меџити

Венко Филипче единствен кандидат за претседател на СДСМ за партиските избори на 16 март

СДСМ: Меџити најавува илјадници партиски вработувања, се спрема масовна партизација пред изборите