Ковачевски-Столтенберг: Северна Македонија е ценет сојузник, со членството во НАТО обезбедена е стабилност и просперитет на земјата

Од:

Претседателот на Владата Димитар Ковачевски и генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, кој денеска е во официјална посета на државата, по официјалниот пречек, одржаа тет-а-тет средба, по што заедно со делегациите одржаа билатерална средба.

Како што соопшти владината прес-служба, на средбата на која присуствуваа и министрите за надворешни работи, Бујар Османи, за одбрана, Славјанка Петровска и за внатрешни работи, Оливер Спасовски, беше потврдена улогата на Северна Македонија како ценет НАТО сојузник, земја членка која дава значаен придонес во остварувањето на целите на НАТО и останува посветена на учеството во операциите и мисиите на Алијансата.

На средбата, се наведува, беа посочени и конкретните политички и економски придобивки за земјата од членството во НАТО. Премиерот Ковачевски истакна дека стабилноста и безбедноста овозможена преку членството во НАТО е од огромно значење за развој на економијата и е директна придобивка и за граѓаните и за компаниите во Северна Македонија.

-На средбата, соговорниците посочија дека е исклучително важно и за земјата и за регионот што Северна Македонија, рамноправно на иста маса со сојузниците активно учествува во дискусиите за регионалната, европската или глобалната безбедност, споделувајќи го својот специфичен пристап на конструктивно решавање на предизвици преку отворен дијалог, што е основа за градење и развивање добрососедски односи, се наведува во соопштението.

Северна Македонија во 2020 година стана 30-тата членка на НАТО – најмоќната Алијанса во светот. Заедно со останатите земји-членки го обезбедува мирот и стабилноста на околу една милијарда граѓани во светот кои ги споделуваат истите вредности, се наведува во соопштението.

Би можело да ве интересира

Трамп ги нарече сојузниците на НАТО кукавици: Се жалат на цените на нафтата, но не сакаат да помогнат

Предраг Петровиќ

Захарова: НАТО е заинтересиран само за едно нешто – да ѝ нанесе стратешки пораз на Русија

Руте: Членките на НАТО ја поддржуваат војната на Трамп против Иран

Иранска балистичка ракета лансирана кон Турција соборена од воздушната одбрана на НАТО

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски

Руте: НАТО не е вклучен во последните случувања на Блискиот Исток, но ќе го одбрани секој дел од својата територија