Ковачевски – Шентоп: Евроинтеграциите на Северна Македонија се значајни за стабилноста на регионот и пошироко

Од:

Премиерот Димитар Ковачевски, се сретна со Мустафа Шентоп, претседател на Големото национално собрание на Република Турција.

„На состанокот заеднички се потврдени традиционално добрите и пријателски односи помеѓу двете држави, коишто бележат унапредување, што го покажува растот на трговскиот обем во 2021-та година, како и тоа што турски компании се меѓу најголемите инвеститори во земјава.

Оценето е дека државава се грижи за сите граѓани подеднакво, дека Северна Македонија е пример како граѓани од различни култури, вери и етнички заедници можат да живеат заедно во една држава, во хармонија и дека е тоа значаен придонес во мирот на Балканот.

Во таа насока, пренесено е дека Туркије ја поддржува Северна Македонија што поскоро да ги почне преговорите со ЕУ, со надеж дека тоа ќе се случи во најскоро време, бидејќи се смета дека евроинтеграциите на нашата држава се од големо значење за стабилноста на регионот, но и пошироко.

Премиерот Ковачевски се заблагодари за искрената и континуирана поддршка од Република Туркије во напредокот на Република Северна Македонија од осамостојувањето на државата до денес.

Во однос прашањето со Бугарија, премиерот Ковачевски потенцираше дека решение е можно ако двете страни се посветени на достоинствени разговори базирани на европските вредности и во духот на меѓусебно почитување.

Во однос на ситуацијата во Украина, претседателот на Владата Ковачевски посочи дека нашата држава продолжува со политиките коишто се целосно на линија на ЕУ и на НАТО.

На средбата е констатирано дека развојот на односите помеѓу Северна Македонија и Туркије продолжуваат да се развиваат, на планот на економијата и како држави партнери во рамки на НАТО алијансата“, велат од Владата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Младеновска: Владата плаќа 350 милиони евра годишно за камати, повеќе отколку за социјална помош

Поплави во Турција: Четири лица загинаа, три се водат како исчезнати

СДСМ: Нема субвенции, нема откуп, нема мерки – земјоделците се оставени на цедило

Горан Наумовски

Во Турција уапсени 348 осомничени во акции против криминални организации

ДУИ: Македонија остана надвор од плановите на ЕУ за проширување, одговорноста е на Владата

Левица: Владата на Мицкоски признава фискален неуспех – ги промаши проекциите, ги крати инвестициите и ја задолжува државата