Ковачевски преноќил на Инфективна поради веројатно труење со храна

Од:

Со болки во стомакот синоќа на Инфективната клиника во Скопје бил примен премиерот Димитар Ковачевски. Директорката на Инфективна, Милена Севановиќ, за “А1он” вели дека премиерот преноќил на Клиниката.

“Премиерот беше примен со болки во стомакот од веројатно труење со храна. Му беше пружена целосна здравствена нега по што состојбата веднаш му се подобри. Вечерта е задржан заради опсервација, а денеска е испуштен во сосема добра здравствена состојба”, изјави директорката Стевановиќ за “А1он”.

Хоспитализацијата на премиерот го вознемирила членството на владејачката СДСМ. Сопартијците синоќа до доцна во ноќта си препраќале пораки за здравствената состојба на премиерот и не им било верно дека останува в болница поради болки во стомакот. Исплашени од можноста премиерот да е позитивен на Ковид -19, се преиспитувале кој колку време минал со него пред хоспитализацијата.

Би можело да ве интересира

На Инфективната клиника во Скопје недостасуваат дури 100 нови вработувања

Ковачевски вели работел законски, очекува непристрасна постапка од институциите

Катерина Ѓуровски

МВР го објави деталите од кривичната против Ковачевски, Груби и Бајрами

А1он

Не е отфрлена кривичната пријава против Ковачевски, Обвинителство ги проверува наводите

Катерина Ѓуровски

Пензионер од кочанско почина од компликации од Западно-нилска треска

Катерина Ѓуровски

Питомци од Воената академија побарале лекарска помош на Инфективната клиника во Скопје