Ковачевски: Пред нас е усогласување на ставот на политичките партии за уставните измени

Од:

Она што е пред нас е усогласување на ставот на политичките партии, бидејќи пред нас имаме исклучително значајна одлука, а тоа е продолжување на европската интеграција на државата, истакна денеска од Гевгелија претседателот на Владата Димитар Ковачевски, одговарајќи на прашањето дали е можен договор со опозициската ВМРО-ДПМНЕ за уставните измени.

Ковачевски забележа дека гласањето во македонското Собрание значи гласање за обезбедување европска иднина на државата и продолжување на процесот на евроинтеграција, којшто зависи од нас.

– Порано ако сме имале вето од надвор денес за првпат може ветото да дојде внатре од државата. Меѓутоа еве да дадеме простор на процесот, сите да можат да ги кажат своите ставови и да ги модилираат согласно своите и интересите на граѓаните коишто сакаат со огромно мнозинство над 80 проценти да живеат во земја членка на ЕУ, вели Ковачевски.

Во дополнителното прашање дали е направен договор со ВМРО ДПМНЕ за гласање на уставните измени, Ковачевски со кус одговор дека остава простор за договор и секој да ги модерира своите ставови.

– Видете кога ќе има доволен број на гласови, 120 кога ќе гласаат минус два од Левица коишто сигурно немаат да гласаат. Тие се против членството на државата во Европската унија и се до тогаш оставам простор на договори и секој да ги модерира своите ставови, рече Ковачевски кој присуствуваше на доделување на социјални станови во Гевгелија.

Би можело да ве интересира

Ковачевски: Тој што не може да формира влада значи изгубил на изборите

Ковачевски: Со враќање на ВМРО-ДПМНЕ дозволуваме сигурна блокада на Македонија и внатрешни етнички тензии

А1он

(ВИДЕО) Ковачевски: СДСМ е најголемата и единствена автентична социјал-демократска партија во Македонија

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Ковачевски: СДСМ со никого нема да прави политички дилови, особено не со некого кој веќе се продал на нашиот политички противник

Горан Наумовски

Меџити: Сакаме да бидеме фактор во влада која ќе биде европски ориентирана

Александар Тодески

Биљал Касами: Нашата програма ќе биде дел од идната владина програма и во неа се состојат уставните измени