Ковачевски: Прашањето на овие избори е Европа или изолација

Од:

Прашањето на овие избори е дали ќе продолжиме по европскиот пат и ќе станеме европска држава со европски стандард или ќе се вратиме назад во изолација и во мрачното минато. Пред сите нас и пред граѓаните на претстојните избори е одлуката за иднината на државата, рече претседателот на СДСМ, вечерва на отворањето промотивен штаб на СДСМ во Струмица.

-Со ДПМНЕ ја спуштаме главата и прифаќаме дека никогаш нема да биде подобро, таа достижна цел за европска иднина им ја препуштаме на некои други. Се откажуваме од иднината. Со СДСМ продолжуваме да се бориме за она што го заслужуваме, не се откажуваме и на крајот победуваме. Тоа е разликата, рече Ковачевски.

Затоа, ве гледам сите вечерва и ви велам, нема откажување, одиме до крај, до победа, за Европска Македонија, додаде тој. Патот е трасиран, и нема враќање назад, потенцираше Ковачевски .

-Нашата борба за Европа е борба за подобар животен стандард, за повисоки плати и пензии, силна економија, развиено земјоделство. И ќе успееме, и ќе победиме! Затоа што граѓаните заслужуваат европски животен стандард, просперитетна и развиена држава, во која функционира демократијата, владеењето на право, социјалната правда, рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски вечерва во Струмица.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Кузеска: 5 нови рудници, антимон, дата центри – во тек е голема пљачка на Македонија!

А1он

(ВИДЕО) Филипче ја нападна платформата „12:05“: Шизофрен собир на пучисти, шемаџии и сателити на Мицкоски

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

СДСМ: Добивме опомена за тужба од АТС Груп и Шефшет Демировски, нема да се извиниме

Кузеска: Приватна фирма плаќа лобисти во САД за Мицкоски

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците