Седница на ИО на СДСМ: Митрески претседател на Собрание, Зечевиќ Шеф на изборниот штаб

Од:

Извршниот одбор на СДСМ вечерва со акламација го избра Јован Митрески за кандидат за претседател на Собранието, а претседателот на партијата и премиер Димитар Ковачевски добил овластување за подготвителни разговори и консултации со парламентарните партии за техничка влада. Генералниот секретар на СДСМ Миле Зечевиќ Вардарски ќе биде шеф на Централниот изборен штаб на СДСМ.

-Извршниот одбор на СДСМ го потврди предлогот на претседателот Ковачевски и кандидат за нов Претседател на Собранието го избра, Јован Митревски, досегашен координатор на Пратеничката група на СДСМ. Митрески е долгогодишен пратеник на СДСМ со големо искуство, вреден, отворен, чесен и посветен на интересот на граѓаните и државата, докажан во целиот негов досегашен ангажман во македонското Собрание.

Сигурни сме, Митрески ќе ја извршува функцијата на највисоко ниво и во интерес на граѓаните.

Извршниот одбор го задолжи генералниот секретар да спроведе подготовка на Роковник за постапката, начинот и критериумите за избор на кандидат за претседател за претседателските избори, согласно Статутот на партијата.

За Шеф на Централниот изборен штаб на СДСМ, Извршниот одбор го предложи генералниот секретар Миле Зечевиќ Вардарски. СДСМ е подготвена и на изборите оди на двојна победа на претседателските и парламентарните избори. СДСМ ќе го даде победничкиот кандидат за претседател и ќе ја формира идната проевропска Влада.

Претседателот на СДСМ доби овластување за подготвителни разговори и консултации со парламентарните партии за техничка Влада која што е законска обврска.

Во наредниот период, овие одлуки очекуваме да бидат потврдени на седница на Централниот одбор на партијата кој ќе се одржи до крајот на овој месец. изјави портпаролот на партијата Дарко Каевски.

-СДСМ е подготвена и на изборите оди на двојна победа. СДСМ ќе го даде победничкиот кандидат за претседател и ќе ја формира идната проевропска влада, рече Каевски.

Каевски посочи дека во наредниот период овие одлуки се очекува да бидат потврдени на седница на Централниот одбор на партијата што ќе се одржи до крајот на овој месец.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Кузеска: Инфлација 5,7%, празни фрижидери, празни џебови, сиромаштија

Мециновиќ: СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ саботираат една изборна единица

(ВИДЕО) СДСМ: Мицкоски брза на избори од страв од истрагите што доаѓаат по падот на Орбан

СДСМ: Документите за Груевски во Правда се „институционално“ заглавени или намерно блокирани

Кузеска: Груевски мора да одговара пред законот

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и Филипче се без концепт