Ковачевски ниту коментира, ниту осудува што Џафери пцуеше и навредуваше по собраниска седница

Од:

Нема коментар ниту осуда од премиерот Димитар Ковачевски за пцостите искажани од собранискиот спикер Талат Џафери. И покрај инсистирањето на новинарите, Ковачевски си остана на ставот дека од снимката не се гледа кој со кого зборува. За него, тоа е доволна причина за да не дава свое мислење. Единствено што посочи во однос на снимката на која се слушаат навредливи зборови е: „Во Собранието се кажуваат многу работи“.

Прашан дали ќе ги осуди пцостите, Ковачевски одговори: „Тоа е снимка на која не се гледа кој со кого зборува. Јас во Собранието имам поминато долго време. Во Собранието се кажува многу работи. Дел сме биле сведоци преку малите екрани. Да се дава оценка за нешто што не се гледа, бидејќи јас не сум бил таму… Најдобар одговор може да дадат тие кои биле во салата“.

Новинарите му укажаа на Ковачевски дека аудио снимки на кои не се гледа кој со кого зборува се користени и во низата судски предмети како што се покренатите од СЈО за кои има пресуди. Премиерот тврди дека снимките не се врз основа на телефонските разговори.

„Еднаш зборував и за таква работа. Судот пресудува врз основа на материјални докази. Тие кои се осудени, тие за кои има случаи, судот ги води врз основа на закони. Пресуда не се носи врз основа на телефонски разговори, туку врз основа на релевантни документи“, посочи Ковачевски.

Дали има одговорност, треба да одреди Собранието.

„Собранието има етичко кодекс на однесување, соодветни комисии каде се разгледува однесувањето на пратениците. Колку што знам дел од пратениците имаат инцијативи во таква насока. Би повикал на следење на процедурата. Да не заборавиме, Собранието е посебна законодавна власт во државата. Претседател на Влада не може да спроведува процедура во Собрание. Се надевам дека согласно сите наводи и докази дека ќе биде испочитувана процедурата и соодветно ќе бидат донесени одлуки во надлежност на Собранието. Мора да ја видиме дисциплинската постапка и да видиме како пратениците ќе постапат“, додаде Ковачевски.

Пцостите кон вработени во секторот за седници беа упатени на крајот од тензичната 71. седница. Истите беа и телевизиски пренесени на собранискиот канал, од каде ги слушаа сите гледачи.

Би можело да ве интересира

Ковачевски: Не е точно дека со ДУИ договараме бојкот на изборите на 8 мај

Катерина Ѓуровски

Џафери: Избори кои ќе го одредат правецот на земјата

Катерина Ѓуровски

Ковачевски: Денеска е првиот чекор кон големата одлука

Катерина Ѓуровски

Ковачевски: Закани и блокади не враќаат назад во минатото, никој не смее да си поигрува со иднината на државата

Ковачевски: Македонија, нема повеќе време за чекање, нема откажување од иднината

Ковачевски: ДПМНЕ на Мицкоски е истото ДПМНЕ на стиропор, насилници, криминалци, заплашени медиуми, на шепотење и страв

Орце Костов