Ковачевски: Нема тајно преговарање ниту таен договор со Бугарија

Од:

„Не постои никакво тајно преговарање ниту таен договор, а односите со Бугарија се базираат на искрена комуникација помеѓу двете Влади, двата премиери и работните групи со конкретни резултати во делот на економијата, инфраструктурата, образованието, културата и европските интеграции“, истакна претседателот на Владата Димитар Ковачевски на новинарско прашање.

dobivaj vesti na viber

Премиерот дополни дека како резултат на работните групи веќе се потпишани голем број на меморандуми, имаме и договори за конкретни чекори во различни области како на пример зголемување на транспортните квоти за транспортерите кои транзитираат низ Република Бугарија, кои после подолг временски период се на соодветно ниво на транспортните заедници на двете земји.

Ковачевски дополни дека Министерството за економија е во контакт со Министерството за енергетика на Бугарија за забрзување на работите за интерконекторот за гас во делот од Петрич до Струмица што е значајно за енергетското снабдување и диверзификација.

„Со Бугарија имаме и комуникација за дневно справување со кризата, во сите делови како во делот на енергенсите, храната итн. Јас би сакал да апелирам на дел од претставниците на опозицијата или на дел од независни аналитичари да не се злоупотребува она што го имаме како контакти и со Србија и со Бугарија во однос на дневната комуникација која што ја имаме за взаемна соработка и справување за излез од кризата“, нагласи премиерот Ковачевски.

Ковачевски потенцираше дека тој никогаш не разговарал за датум туку за брзо, меѓутоа не избрзано решение за отворените прашања со Бугарија.

„Министерствата за надворешни работи на двете земји работат на отворените политички прашања и штом ќе има документ или решение прифатливо за двете страни, тоа тогаш ќе биде соопштено“, посочи премиерот Ковачевски во својот одговор.

Во однос на информацијата дека постојат поединци кои што работат во државните институции и кои што дејствувале на непостигнување на договор меѓу Северна Македонија и Бугарија, претседателот на Владата Ковачевски истакна дека таа информација за Владата е позната уште од првиот ден и дека тоа прашање е во постапка согласно процедурите кај соодветните служби.

Би можело да ве интересира

Ковачевски: Неприфатливи се предлози без јасна заштита на македонскиот јазик и идентитет

А1он

Николоски и Ковачевски расправаа дали во Македонија се живее добро

Кристијан Ландов

Митева: Доколку навистина имало хибриден напад врз државата, владата мора да понесе одговорност

Катерина Павлова-Николовска

Петков го повика Ковачевски да прифати компромис

А1он

Еди Рама: Ниту војната не успеа да ги обедини Европејците

Орце Костов

(ВИДЕО) Ковачевски: Предлогот на Франција не е прифатлив за нас

Орце Костов