Ковачевски не се плаши од „пеколен план“, за кој се пишуваше дека го подготвува Заев

Од:

Премиерот Димитар Ковачевски не се плаши од т.н. „пеколен план“ кој во медиумите се најавуваше дека би го спровел неговиот претходник Зоран Заев. Одговарајќи на новинарско прашање дали му се подготвува туркање од позициите кои ги има, Ковачевски кажа дека тоа е демантирано и од самиот Заев, додека во СДСМ, одлуките ги носат телата на партијата.

„Прво јас не сум човек кој што се плаши. И тоа сум го потврдил до сега. Второ самиот поранешен претседател на СДСМ ги демантираше во јавноста тие наводи кои беа наведени. И сите одлуки кои се носат во СДСМ се носат на официјалните тела на партијата – Извршниот одбор, Централниот одбор, раководството. И сите одлуки кои до сега се донесени се едногласно, без ниту еден глас – против“, кажа Ковачевски.
Пред повеќе од една недела, во јавноста се појавија шпекулации дека Заев му спрема пуч на Ковачевски. Според истите, Заев заговарал предвремени избори заедно со ВМРО-ДПМНЕ и Влада во која нема да е ДУИ. Се зборуваше дека и за ова, Заев одржувал средби со Христијан Мицкоски. Преку статус на социјалните мрежи, Заев кажа дека не постои никаков пеколен план.

Би можело да ве интересира

Ковачевски: Уставните измени нема да се одложат

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Ковачевски се шегува на сметка на Бектеши: Играше фудбал за Влазерими, сега игра кошарка во кабинет кај Груби

Орце Костов

(ВИДЕО) Граѓаните го начекаа Ковачевски во маркет: Премиере лекови не може да се купат со два денари од заштеда на макарони

Орце Костов

ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски и Груби од институциите направија логистика за бизнисите блиски до нив, затоа нема пари за учебници

(ВИДЕО) Ковачевски: Со заштитени идентитетски одредници сме рамноправна членка на НАТО, трасираме пат кон ЕУ

Ана Ололовска

Ковачевски и Груби се во паника, 10 пратеници од власта нема да гласаат за уставни измени тврди ВМРО-ДПМНЕ