Ковачевски: Нема напредок со Бугарија во однос на заемно прифатлив документ

Од:

Во моментов не можам да кажам дека постои напредок во преговорите, во однос на постигнување на заедно прифатив документ со Бугарија, рече премиерот Димитар Ковачевски по средбата со бугарскиот премиер, Кирил Петков во Рим.

На состанокот, како што истакна Ковачевски, присуствувале и министрите за надворешни работи од двете земји, Бујар Османи и Теодора Генчовска кои ги информирале премиерите за текот на преговорите на ниво на шефови на дипломатиите.

„Разговорите продолжуваат со цел да се дојде до документ којшто би бил прифатлив за двете држави и ќе претставува основа за решение. Не разговаравме за нови услови од бугарска страна. Се работи за прашањата кои беа отворени и претходно. За нив постои т.н. португалски предлог кој се’ уште е основа за разговори помеѓу двете страни Дотогаш не може да се зборува за напредок во одреден дел“, изјави премиерот.

Генералната оценка на Ковачевски е дека средбата поминала во конструктивна атмосфера.

Претходно, бугарскиот премиер Кирил Петков рече дека со Ковачевски си ветиле оти конструктивниот дијалог ќе продолжи. Првиот човек на бугарската Влада нагласи дека дека двете земји не поставиле рокови и повика да не се подлегнува на провокации од различни групи кои се обидуваат да ги ескалираат тензиите.

Би можело да ве интересира

Петков: Скопје има избор за сопствената иднина, Брисел ги поддржа бугарските позиции

Катерина Павлова-Николовска

Митева: Доколку навистина имало хибриден напад врз државата, владата мора да понесе одговорност

Катерина Павлова-Николовска

Петков го повика Ковачевски да прифати компромис

А1он

Петков: Во понеделник ќе поднесам оставка од функцијата премиер на Бугарија

А1он

Еди Рама: Ниту војната не успеа да ги обедини Европејците

Орце Костов

(ВИДЕО) Ковачевски: Предлогот на Франција не е прифатлив за нас

Орце Костов