Ковачевски: Најмалку 500 евра во акции за секое семејство, ги враќаме енергетските компании назад кај граѓаните

Од:

Секој граѓанин, вклучително и децата, ќе добијат акции во вредност од по најмалку 8.000 денари или најмалку 500 евра за едно четиричлено семејство, со новата реформа за враќање на енергетските компании во рацете на граѓаните. Вредност која на берзата ќе биде далеку поголема., рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски вечерва на митинг во Тетово.

Со големата енергетска реформа, државните енергетски компании ги враќаме назад, кај граѓаните. Висок процент од вкупниот број издадени акции во државните енергетски компании ќе се поделат еднакво на граѓаните, додаде тој.

-Покрај ова, во наредните четири години инсталираниот капацитет на обновливи извори на енергија ќе го зголемиме за 100%! Енергетската трансформација која започна токму во мандатот на Владата која јас ја предводев овозможи 600 мегавати енергија од обновливи извори наспроти оние 16 мегавати вкупно во времето на нашите политички конкуренти. Тоа е видлив и јасен резултат од добрите социјалдемократски политики. Следува 100% зголемување, потенцираше претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски.

Би можело да ве интересира

Ковачевски вели работел законски, очекува непристрасна постапка од институциите

Катерина Ѓуровски

МВР го објави деталите од кривичната против Ковачевски, Груби и Бајрами

А1он

Не е отфрлена кривичната пријава против Ковачевски, Обвинителство ги проверува наводите

Катерина Ѓуровски

Филипче ја презеде претседателската функција во СДСМ

ДИК: Завршија парламентарните избори, Азизи нов пратеник на местото на Касами

Управен суд ја одби како неоснована тужбата на „Европски фронт“ за прегласувањето во Желино