Ковачевски на вториот состанок на Северноатлантскиот совет: Забрзана евро-атлантска интеграција ќе придонесе за стабилен и безбеден регион

Од:

Премиерот Димитар Ковачевски, денеска во Вилнус, на вториот ден од Самитот на НАТО учествува на втората сесија на Северноатлантскиот совет, што се одржуваат на ниво на шефови на држави и Влади и земјите партнери на НАТО. Во владината делегација што ја предводи премиерот Ковачевски се министерката за одбрана, Славјанка Петровска и министерот за надворешни работи, Бујар Османи.

На првата сесија земаа учество 31 земја членки на НАТО, како и партнерите од Индо-Пацификот, Јапонија, Австралија, Република Кореја и Нов Зеланд, како и претседателката на Европската комисија, Урсула Фон дер Лејен и претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел.

Во фокусот на агендата на втората сесија од Самитот е зајакнувањето на партнерствата и пошироката геополитичка и безбедносна глобална слика.

Безбедносните состојби на Евро-Атлантикот и Индо-Пацификот се блиску поврзани и важни за НАТО. Со нашите партнери од Индо–пацифичкиот регион, Австралија, Нов Зеланд, Јужна Кореја и Јапонија ќе ги споделиме најважните аспекти на заедничкото делување во однос на обезбедувањето мирот во светот во овој нов геополитички момент.

На состанокот ќе присуствуваат и претседателката на Европската комисија и претседателот на Европскиот совет на којшто исто претставниците, претседателите и премиерите на земјите од Западен Балкан ќе го реафирмираат и ставот за важноста на европските и евро–атлантските интеграции за мирот, безбедноста, стабилноста и просперитетот на овој многу важен регион и за НАТО, меѓутоа и за ЕУ.

Би можело да ве интересира

Финска ќе распоредува нуклеарно оружје кон Русија, закана од Москва дека ќе мора да реагира

Предраг Петровиќ

Германија масовно ќе ја бомбардира Русија ако таа нападне членка на НАТО

Путин: Бесмислено е дека ќе го нападнеме НАТО, Русија е подготвена за мир со Украина

Москва: НАТО сака да ја потчини Србија и ги засилува напорите да ја привлече во својата орбита

Бабиш: Чешка нема да ја исполни целта за одбранбени трошоци на НАТО

САД упатија нови критики кон своите сојузници во НАТО