Ковачевски на работен ручек на високo ниво на Светскиот eкономски форум

Од:

Претседателот на Владата, Димитар Ковачевски, учествуваше на работен ручек со светската бизнис и политичка елита, во организација на Светскиот економски форум во Њујорк. На собирот учествуваа високи претставници на политичко ниво од земјите од Г7, Европа, Азија и регионот, како и на водечки светски мултинационални компании, меѓу кои на Амазон, Мастеркард и други.

На ручекот се разговараше за начините за зајакнување на основната доверба неопходна за унапредување на заедничката глобална агенда во сегашниот предизвикувачки геополитички контекст, во којшто е потребно да се одржи и постигне напредок за критичните економски, еколошки и општествени приоритети.

На ручекот, премиерот Ковачевски оствари повеќе значајни контакти во насока на воспоставување или продолжување економска соработка.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Додека ја крадеа државата СДС, Заев и Ковачевски потрошиле и 280 илјади евра за фејсбук реклами

Катерина Ѓуровски

Ковачевски вели работел законски, очекува непристрасна постапка од институциите

Катерина Ѓуровски

МВР го објави деталите од кривичната против Ковачевски, Груби и Бајрами

А1он

Не е отфрлена кривичната пријава против Ковачевски, Обвинителство ги проверува наводите

Катерина Ѓуровски

Филипче ја презеде претседателската функција во СДСМ

Ковачевски: Граѓаните одлучуваат дали одиме во ЕУ или се враќаме назад

Катерина Ѓуровски