Ковачевски: На проблемите, дефектите и испадите во РЕК Битола им нема крај

Од:

Вчера се случи нова хаварија со поголеми размери на БЛОК 2 и истиот ќе биде надвор од функција подолг период. Ако знаеме дека БЛОК 1 и БЛОК 3 подолго време не беа во функција, со оваа хаварија РЕК Битола вчера, по втор пат за кратко време, беше целосно во застој и надвор од енергетскиот систем на Република Македонија, рече Васко Ковачевски.

Со ваквото хаотично работење се доведува во прашање и безбедноста на сите вработени во комбинатот.

Неспособноста и некомпетентноста на раководствата на АД ЕЛЕМ и РЕК Битола се главните причини за ваквите катастрофални состојби!

Кој ќе ја сноси одговорноста за честите испади, материјалните трошоци, безбедноста на вработените, како и распадот на електроенергетскиот систем на Република Македонија?

Одговорност мора да има и за штетите и за последиците!

Затоа бараме персонална одговорност!

Кој ќе ја понесе?

Генералниот директор на АД ЕЛЕМ Дејан Бошковски? Генералниот директор на РЕК Битола Јовко Крстевски?

Или пак таинствената личност со иницијали К.М. кој во последните денови се претставува како В.Д. Управник во РЕК Битола?

Би можело да ве интересира

Бислимоски: За две години се инсталирани фотоволтаици со иста моќност колку РЕК Битола

Орце Костов

ЕСМ: Ставен во функција Блок 2 на РЕК Битола, подготвен за работа е и Блок 1

Орце Костов

ВМРО-ДПМНЕ: Од денес во РЕК Битола не се произведува електрична енергија

Горан Наумовски

Николоски: Дали е случајно што РЕК Битола во време на Васко Ковачевски на иста фирма дава два тендери со исти суми, и двата со исти анекси од 20%

Реакција на ЕСМ за обвинувањата од ВМРО-ДПМНЕ

Митева: За да крадат на ископ СДС и ДУИ ја поништија набавката на механизација на Мицкоски од 2017