Ковачевски му ја предаде функцијата на Џафери: Повика сите министри да работат во интерес на граѓаните

Од:

Довчерашниот премиер Димитар Ковачевски му ја предаде функцијата на новиот технички премиер Талат Џафери кој рече дека првиот фокус и ангажман во Владата ќе му биде скрининг на организацијата и определување на сите работни тела.

– Како премиер првиот ден е скрининг на организацијата и функционирањето и потоа да се определат сите работни тела – истакна Џафери.

Ковачевски рече дека основна задача на оваа Влада е да организира и спроведе слободни, демократски и фер претседателски и парламентарни избори.

– Сите започнати политики треба целосно и континуирано да се реализираат. Очеувам посветеност во работата концентрација на сите во владата и во оваа насока сметам дека работата ќе биде на највисоко ниво. Повикувам владата и сите во неа без разлика на партиската припадност да работат во интерес на граѓаните, на економијата, на безбедноста и на стабилноста.

Владата успеа да воспостави систем кој функционира во време на криза, политиките се поставени, мерките се јасни, очекувам сите да покажат јасна политичка волја за да се поддржи и одржи и економската и политичката стабилност и да се спроведат мирни, фер и демократски избори како што доликува на држава членка на НАТО и држава со отпочнати преговори со ЕУ“, истакна Ковачевски.

Би можело да ве интересира

Поранешниот премиер на Украина, Микола Азаров осуден на 15 години затвор за велепредавство

А1он

Лекорни ја избра својата нова „екипа“

Францускиот премиер поднесе оставка

Макрон одлучи: Себастијан Лекорну е нов премиер на Франција

Горан Наумовски

Собранието на Република Српска гласа за новата влада, премиер e Саво Миниќ

Горан Наумовски

Јужна Кореја: Поранешниот премиер обвинет за поттикнување воена состојба