Ковачевски-Мицотакис: Односите меѓу двете земји се одлични и продолжува да се гради и зајакнува пријателството

Од:

Премиерот Димитар Ковачевски, попладнево оствари телефонски разговор со премиерот на Хеленската Република Кирјакос Мицотакис, кој му честита на изборот за премиер, и му посака плодна и успешна работа.

Двајцата премиери се согласија дека односите меѓу двете земји се на одлично ниво, и дека ќе продолжи да се гради и зајакнува партнерството. Претседателот на Владата Ковачевски му се заблагодари на премиерот Мицотакис за поддршката што тој во континуитет ја дава за отворање на преговорите на Северна Македонија со ЕУ и го запозна со некои од резултатите од посетата на премиерот на Бугарија Петков на Скопје и од возвратната посета и заедничката седница на владите во Софија.

„Низ взаемно почитување и дијалог базиран на европски вредности, верувам дека можеме да најдеме решение во интерес на двете земји и народи“, истакна премиерот Ковачевски во телефонскиот разговор со неговиот грчки колега Мицотакис.

Премиерите Ковачевски и Мицотакис разговараа и за економската соработка, соработката во енергетиката, културата и други важни области, при што се договорија и за заедничка средба во рамки на Делфи Форумот во Атина кој треба да се одржи во текот на месец април 2022 година.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Додека ја крадеа државата СДС, Заев и Ковачевски потрошиле и 280 илјади евра за фејсбук реклами

Катерина Ѓуровски

Земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтер регистриран во близина на Санторини, Мицотакис повика на смиреност

Договорот од Преспа е неопходен предуслов за да се отвори европски пат на Македонија, вели Мицотакис

Ковачевски вели работел законски, очекува непристрасна постапка од институциите

Катерина Ѓуровски

МВР го објави деталите од кривичната против Ковачевски, Груби и Бајрами

А1он

Не е отфрлена кривичната пријава против Ковачевски, Обвинителство ги проверува наводите

Катерина Ѓуровски