Ковачевски: Медиумите се наш партнер во градење европско, слободно и демократско општество

Од:

Заложбата на Владата за креирање амбиент во државата во кој медиумите ќе ја вршат својата работа професионално и независно согласно принципите на новинарството, ослободени од политички и економски влијанија и притисоци, беше истакната на денешната средба на премиерот Димитар Ковачевски со претставници на Здружението на новинари на Македонија и со претставници на меѓународни новинарски организации.

Премиерот Ковачевски ја потенцираше улогата на медиумските здруженија, во кои Владата гледа партнери кон натамошно унапредување на медиумските слободи, како со донесениот Закон за граѓанска одговорност за навреда и клевета со којшто се гарантира слободата на изразување и со измените на Кривичниот законик, со коишто нападот врз медиумските работници се третира како напад врз службено лице.

На средбата, информираат од владината прес-служба, беше истакнато дека Владата има подготвеност да се отвори јавна дебата со која ќе се овозможи разгледување на модалитетите со кои ќе се даде поддршка на плурализмот во медиумите во земајва.

Премиерот Ковачевски посочи дека последните релевантни извештаи нотираат дека транспарентноста на институциите се унапредува, а се намалува бројот на случаи на закани и напади врз новинарите и медиумските работници.

-Напредокот на државата во слобода на медиумите беше забележан и во мерењата на „Репортери без граници“, каде Северна Македонија, од 118-то место во светот во 2016 година, стигна на 38-то место во светот по слободата не медиумите. Државата само во мандатот на премиерот Ковачевски, се искачи погоре на листата за 19 места за 1 година. Во 2016 година, државата беше на 118 место, од 180 држави. Ова е показател дека Владата има демократски и европски определби, а тоа го покажува со почитување на слободата на говор, транспарентност преку овозможување пристап до информации и почитување на независноста на медиумите, велат од Владата.

Медиумите и граѓанскиот сектор, додаваат, имаат значајна улога во развојот на демократијата, а слободата на медиумите е клучна за безбедноста и стабилноста во секоја држава. Во таа насока од големо значење е објективното и професионалното новинарство, како и квалитетен и професионален јавен сервис, со цел точни, непристрасни и навремени информации од значење за граѓаните, особено во делот на процесот на евроинтеграциите на државата.

-Владата е цврсто определена кон почитување и примена на европските стандарди во медиумската област, бидејќи тоа значи квалитетно информирани и медиумски писмени граѓани, што е крајна цел и на медиумите и на Владата, порачуваат од владината прес-служба.

Би можело да ве интересира

ЗНМ: Попречувањето на новинарската работа е недозволиво

А1он

ЗНМ: Грубо прекршување на правата на новинарката Мирослава Симоновска: Повик за итна истрага

Чадиковски ги повика институциите да се најдат сторителите на запаленото возило на директорот и новинар на штипската Телевизија М НЕТ

ЗНМ: Запалено возилото на колегата Серсемов, бараме итна акција на МВР

Судскиот совет одлучи по претставката на ЗНМ: јавен укор за судијата Спировска Панева

ЗНМ: Нова контроверзна пресуда на Основниот граѓански суд Скопје