Ковачевски: Криминално-тендерското владеење на ВМРО ДПМНЕ излегува на виделина секојдневно

Од:

На повидок е нов финансиски скандал поврзан со парите за реконструкцијата на железничката линија Битола-Кременица. Според објавениот тендер и потпишаните договори за реконструкција, работите на оваа делница требаше да завршат до крајот на минатиот месец, односно до 30 јули оваа година, вели Васко Ковачевски.

Како што може да се види, состојбата на терен не е како што би требало да биде.

Потврда за ова дојде и од изведувачот на работите. Бугарската фирма Водстрој потврди дека е завршено само околу ¼ од предвиденото.

Тие упатуваат на одредени тековни проблеми во работењето, а се соочуваат и со ненавремено префрлување на финансиите.

Токму заради проблемите со финансиите, голем дел од фирмите подизведувачи подолго време немаат добиено ниту денар за извршените договорни работи.

Според наши информации, само за градежните активности и превоз со камиони фирмите подизведувачи побаруваат повеќе од 1 милион евра.

Ако на ова се додаваат и неисплатените обрски за тампон, бетон, железо и други материјални набавки и услуги, долговите од изведувачот кон фирмите добавувачи и изведувачи надминува повеќе милиони евра.

Каде се парите?

Зошто не се исплатени домашните фирми-подизведувачи?

Особено ако се знае дека средствата во износ од 19,9 милиони евра се веќе обезбедени како неповратни средства од ИПА 1 – трета компонента, наменети за изградба на железничка инфраструктура.

Ако се знае дека договорот со ЕУ е потпишан уште од ноември 2010 година, дали постои опасност Македонија да ги изгуби и овие средства поради некадарноста на власта?

Кој ќе ја гарантира исплатата на средствата?

Дали, со намера да се забошоти овој случај, се вклучува нова фирма од Тетово која ќе ги продолжи работите на пругата? ВМРО ДПМНЕ се повлекува, во бизнисот влегува ДУИ…

Ги повикуваме надлежните институци, Министерството за финансии, Министерството за транспорт и врски, УЈП… ВЕДНАШ да направат контрола и увид во сосотојбите.

Криминално-тендерското владеење на ВМРО ДПМНЕ излегува на виделина секојдневно.

Одговорност за ваквите состојби МОРА да има!

Би можело да ве интересира

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

„Платформа 12:05″: Изборите во Брвеница потврдија дека Филипче одработува за власта

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Мицкоски ги поништува реформите – сака целосна партизација и контрола на безбедносните служби

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Младеновска: Владата плаќа 350 милиони евра годишно за камати, повеќе отколку за социјална помош

СДСМ: Нема субвенции, нема откуп, нема мерки – земјоделците се оставени на цедило

Горан Наумовски

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври

Катерина Ѓуровски