Ковачевски: Имаше ревизорски извештај за работата на МЕПСО, ако е направено нешто спротивно на законот ќе треба да се сноси одговорност

Од:

Имаше ревизорски извештај за работата на МЕПСО, но Владата не може да се меша во работата на државниот електропреносен систем на ниво на дневно управување. Јас не сум обвинител или судија, но ако е направено нешто спротивно на законот, нормално дека ќе треба да се сноси одговорност, рече на денешната прес-конференција премиерот Димитар Ковачевски во одговор на новинарско прашање.

Тој потенцираше дека имало ревизорски извештај за работата на МЕПСО. Таму, како што додаде, веќе има и нов генерален директор директор и нови членови на Управен одбор.

МЕПСО е независно во своето управување, бидејќи има органи на управување. Тоа е согласно европските регулативи и согласно со правила на европската енергетска заедница. Владата не може да се меша во работата на државниот електропреносен систем на ниво на дневно управување. Затоа, во оваа држава постојат органи кои испитуваат дали некој правилно работи, треба да се провери книговодствениот третман, дали се работи за отписи или за резервации на ненаплатени побарувања, и трето, на Управниот одбор на МЕПСО е да определи колкави гаранции ќе бара во делот на обезбедување на балансна енергија или кој било тип на енергија кој што тие го користат. Се работеше за тежок период кога тие долгови беа направени, додаде Ковачевски.

Како што рече, во тој период имало недостиг на електрична енергија како во државата така и на европскиот континент. -Имаше енормно покачување на цените кои компаниите тешко го менаџираа, а на менаџментот на МЕПСО останува тие средства да ги наплати и да спроведува постапки кои ќе обезбедат заштита пред се на интересот на компанијата и на државата, бидејќи се државни претпријатија.

Премиерот потенцираше дека ако е направено нешто спротивно на закон, тогаш ќе треба да се сноси одговорност.

-Ако е направено нешто спротивно на закон, нормално дека треба да се сноси одговорност. Но, јас не сум обвинител или судија, поминаа времињата кога политичар беше и претседател и обвинител и судија. Оставам на правосудните органи да утврдат дали имало некакво постапување спротивно на законот, додаде Ковачевски. 

Би можело да ве интересира

АД МЕПСО ги прекинува сите видови на донации и спонзорства до крајот на оваа година

Петрушевски: МЕПСО под СДС и ДУИ дало согласност за авансна исплата од 1.8 милиони евра на фирма која 5 години нема никаков приход

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Директор во МЕПСО од СДС и ДУИ претходно бил управител во Шанси инвест од Албанија која добила 10 милионски тендер

Катерина Ѓуровски

ВМРО – ДПМНЕ: Обвинителството да отвори предмет за сомнежите за криминал во МЕПСО

Реакција од МЕПСО: Во голема паника, ДУИ вeќе почна да ги напаѓа кадрите на Зијадин Села

Директорот на МЕПСО кој му е братучед на Изет Меџити потроши 15.000 евра за цвеќе тврди ДУИ

Катерина Ѓуровски