Ковачевски: Имаме план за Битола, имаме план за РЕК Битола, имаме план за енергетиката во Македонија

Од:

Во децениското владеење на ДПМНЕ цената на струјата порасна за повеќе од 100%. РЕК Битола е донесен пред колапс, поради што имаме намалено производство на електрична енергија а зголемен увоз на скапа струја, рече Васко Ковачевски, кандидат за пратеник од здружената опозиција предводена од СДСМ.

Поради немањето грижа за поврзаноста на енергетиката и заштитата на животната средина Битола и битолчани се гушат во најзагаден воздух во Европа.

Затоа, ние од СДСМ заедно со коалицијата имаме план за Битола, имаме план за РЕК Битола, имаме план за енергетиката во Македонија.

Ние како идна власт после 11-ти декември се обврзуваме дека Битола и битолчани повторно ќе дишат чист воздух.

Ќе обезбедиме стабилен електро-енергетски систем.

Ќе извршиме гасификациија на Битола по примерот на Струмица.
Помали трошоци почиста средина.

Ќе обезбедиме пристојна работа и мотивирани работници во РЕК Битола.

Вработените во РЕК ќе останат на работа. Нема да има отпуштања.

Ќе има бесплатен превоз за сите вработени. Нема да плаќаат сами.

Ќе има бесплатен оброк за сите вработени. Работниците нема да работат гладни.

РЕК Битола пак ќе биде столбот на енергетскиот систем во Македонија!

Ќе ја вратиме евтината тарифа на струјата.
Евтината струја ќе биди достапна не само во недела, туку цел викенд. Дополнително граѓаните ќе добијат уште 2 часа дневно ефтина тарифа.

Енергетски ваучери за помала енергетска сиромаштија.
Планираме воведување на енергетски ваучери, за плаќање на сметки за електрична и топлинска енергија , природен гас или за купување на огревни дрва или биомаса, за категоријата на граѓани опфатени со Законот за енергетска сиромаштија.

Македонско сонце за мекедонска енергија.
Производството на електрична енергија од фотоволтаични панели нема да биде привилегија за богатите поединци, туку можна реалност за секое македонско семејство.

Почитувани граѓани
После 11-ти декември заедно го враќаме животот во Битола, животот во Македонија.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Димковски: Алармантно, над 20 милиони килограми грозје стои неоткупено

СДСМ: Кој ќе одговара што институциите не ги предупредија луѓето, ги оставија да дишат штетни отрови и не ги евакуираа?

Филипче: Во Кочани, кај семејствата, полицајци, влегуваа кај семејствата после пожарот, да нема протести, да нема никаква организација

СДС наместо да ја пофали мерката за 400 пожарникари, ја злоупотребува за политичка кампања, велат од ВМРО-ДПМНЕ

(ВИДЕО) Кузеска: Време е власта да одговара и за пожарите и за еколошката катастрофа

Вистинската опасност за здравјето и безбедноста на граѓаните се СДС и ДУИ, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Горан Наумовски