Ковачевски и Мицкоски нема да зборуваат за предвремени избори, само за ЕУ и за односите со соседите

Од:

Премиерот Димитар Ковачевски откри дека оставил на ВМРО-ДПМНЕ да си избере во кој формат ќе биде лидерската средба која е закажана за в среда во Клубот на пратеници.
– Не знам дали имаат доверба меѓусебе, па дали смеат да зборуваат сами на средба. Тие го избраа форматот и на средбата ќе се зборува на две теми: евроинтеграција и активности на сите политички чинители во однос на односите со соседите. Се надевам дека ВМРО-ДПМНЕ ќе подржи интеграција и очекувам да разговараме за сите аспекти на оовие значајни теми и се надевам дека ќе најдеме заеднички јазик за европската интеграција – рече Ковачевски.

Запрашан дали ќе се зборува за предвремени избори, Ковачевски рече дека изборите ќе се одржат во редовните термини, прво претседателските, па потоа редовните парламентарни избори.

Тој се надева дека сите пратеници ќе бидат на нивото на задачата и дека ќе гласаат за отпочнување на постапката на отворање на Уставот.

– Треба да се искористи овој прозорец за почнување на преговорите со ЕУ. Сите граѓани посакуваат да влеземе таму. Тоа е најбогатиот пазар во светот – порача премиерот по увидот на делницата Неготино – Демир Капија.

Како што информираат од ВМРО-ДПМНЕ, средбата ќе биде тет-а-тет.

-До средбата, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски ќе изврши широки консултации со Пратеничката група, партиите дел од Коалицијата и Извршниот комитет на партијата. Ставот на партијата е дека уставни измени нема да има, и ова Собрание нема легитимитет за таков чекор, истакнуваат од опозициската партија.

Очекуваме, како што наведуваат од партијата, Ковачевски да излезе од стегите и заложништвото на ДУИ и да прифати да разговара за периодот што по фактот дека уставните измени нема да го имаат потребното мнозинство.

Би можело да ве интересира

СДСМ ќе го поддржи опозицискиот кандидат Валбон за градоначалник на Гостивар

Мицкоски: Приоритет ни се реформите и проектите, не изборите

(ВИДЕО) Мицкоски: 2026 година ќе биде година на големи и крупни чекори

(ВИДЕО) Филипче категоричен: Мицкоски бара алиби за предвремени избори, СДСМ нема да биде покритие за ова сценарио

Горан Наумовски

МНР: Неаргументирани коментари не се европски, потребна е почит кон Македонија

Горан Наумовски

СДСМ: Дали Христијан Мицкоски спие мирно?

Горан Наумовски