Ковачевски и Маричиќ: Лидерска нема да има, уставните измени се значајни, ЕУ ќе даде серија задачи за реформи во правосудството

Од:

Нема да има лидерска средба за уставните измени, а Бугарија нема истакато ново барање во текот на скринингот со кое ќе го блокира процесот за пристапување на Македонија кон Европската Унија. Ова на прес-конференција го истакнаа премиерот Димитар Ковачевски и вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ. Според двајцата, процесот за уставни измени е започнат.

„Во моментов не е предвидена лидерска средба. Ако има потреба ќе биде закажаната“, кажа Ковачевски.

Се прават консултации, ќе има дијалог и во јавноста околу уставните измени. Според Маричиќ најважно е процесот успешно да започне и заврши.

„Прашањето за уставните измени е отворено. Правиме консултации на експертско ниво за кои сум сигурен, а имавме и лидерска средба во Собранието што го иницираше тој дијалог. Она што можеме да го кажеме е дека уставните измени, во наредните неколку недели и месеци ќе бидат актуелизирани и на дебати со граѓански организации и експерти, како во однос на нивната содржина така и во однос на политичкото значење. Политичкото значење е многу повеќе од само уставни промени на еден дел од преамбулата и еден амандман за комитетот за односи меѓу заедниците. Овие уставни амандмани имаат значење на зелено светло од нашето Собрание за продолжување на преговорите со ЕУ. Верувам дека таа дебата која ќе се одвива со јавноста околу важноста, ќе бидат вовед во институционалната дискусија и продолжувањето на процедурата во Собранието. Треба да се подготвени и секој да даде свој придонес за да започне и успешно да заврши“, додаде тој посочувајќи: „Во текот на скринингот Бугарија нема истаканто никакво прашање, а ние во текот на креирањето на акцискиот план за малцинства ќе мора да го консултираме со државите членки“

За скринингот во делот на правосудството се очекува позитивен извештај, но со серија задачи.

„Големи се прашањата за реформи во правосудството. Јас очекувам кога ќе го добиеме извештајот да биде позитивен, но со серија задачи кои треба да ги вметнеме во патоказите кои ги спомнав“, додаде Маричиќ.

Би можело да ве интересира

Ковачевски ги соопшти носителите на изборните листи за парламентарните избори

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Владата во заминување повторно удри по граѓаните, Ковачевски со 2500 евра апанажа не чувствува глад

Ковачевски: Скопје е развластен град, лажни беа ветувањата на ДПМНЕ за современ град

Ковачевски: Владата подготви закон за рестриктивни мерки, Милошоски да го стави на комисија

Ковачевски од Куманово: СДСМ има јасна визија за просперитетна иднина

Предраг Петровиќ

Ковачевски: Носителите на листи и кандидатите за пратеници ќе бидат познати на конгрес последната недела месецов