Ковачевски и Џафери се обратија на собраниската седница по повод шеесетгодишнината од скопскиот земјотрес

Од:

Во Собранието денеска се одржа седница посветена на шеесетгодишнината од скопскиот земјотрес на која се обратија претседателот на законодавниот дом Талат Џафери и премиерот Димитар Ковачевски Одбележувањето на овој ден е многу важен, бидејќи како што рече Џафери, тој треба да биде водилка и потсетник за важноста на сплотеноста и единството со цел помагање на немоќните. Ковачевски, пак, истакна дека помошта која пристигнала за градот Скопје е потсетник за значењето на солидарноста во најтешките денови.

Претседателот на Собранието во своето обраќање посочи дека по земјотресот повеќе не било важно кој на која нација и припаѓа, која политичка идеологија ја следи и на кој бог се моли. Рече дека не било важно ниту тоа дали давањето поддршка ќе биде од интерес или не на конкретната држава.

-Веста одекнала и се раширила многу брзо и Скопје станало местото кон кое се насочило целото внимание на хуманиот и демократски свет, кој што без двоумење ги презел сите неопходни мерки што ги имал на располагање, за да одговори најбрзо и најефективно што може на болниот крик на погоденото Скопје. Се активирал Меѓународниот црвен крст кој што упатил апел до сите национални организации. Интерпарламентарната унија упатила препорака до сите парламенти и влади да помогнат во обновата на градот а Организацијата на обединетите нации веднаш по катастрофата презела активности за плански и долгорочно да му се помогне на разурнатиот град. Со еден збор, се активирала интернационалната солидарност и пред сѐ, човечноста и човечката свест и совест, порача Џафери.

Додаде дека тоа бил ден за Скопје и ден кој што останал забележан.

-Скопје ги спои околу една цел луѓето, институциите, меѓународните организации и воопшто човештвото. Тоа го стави Скопје на пиедесталот како град – симбол на солидарноста, епитет на кој што сите ние се сеќаваме со должна почит, затоа што во секој агол на овој убав град наидуваме на дело кое е потсетник на интернационалната солидарност и потсетник за сите нас за тоа колку сме слаби и немоќни кога сме сами. Потсетник за тоа колку значи подадена рака, понудена помош, топло засолниште и оброк во време кога си изгубил сѐ и си останал сосема сам со својот гол живот, истакна Џафери.

Според него одбележувањето на овој ден е многу важен, бидејќи како што рече Џафери треба да биде водилка и потсетник за важноста на сплотеноста и единството со цел помагање на немоќните.

-Природните катастрофи се случуваат во разни облици. Пожарите беснеат и уништуваат огромни површини на земјината топка. Поплавите го земаат постојано својот данок поради неодговорноста на луѓето. Ураганите, цунамите земаат сѐ пред себе и оставаат пустош од сништа и неостварени желби поради насилно изгубени животи. И, згора на сѐ, светот се соочи и со пандемијата на корона, која го покажа своето грдо лице во секој аспект. Потклекнаа економски, здравствени системи. Човештвото падна на колена. И повторно, солидарноста, соработката и сплотеноста околу крајната цел, придонесе во намалување на ефектот на короната. Успеавме, затоа што бевме заедно! И, ќе продолжиме да бидеме и понатака градот на солидарноста, градот кој што никна од пепелта и стана споменик на хуманоста, подвлече Џафери.

На седницата се обрати и претседателот на Владата, Димитар Ковачевски кој посочи дека помошта која пристигнала за градот Скопје е потсетник за заначењето на солидарноста во најтешките денови.

-Повикот за помош се слуушна насекаде, а помошта почна да пристига од сите страни на светот. Луѓето од целиот свет подадоа рака и заедно со нашите граѓани помогнаа Скопје да добие нов лик. Во тие моменти непроценливи беа зборовите на утеха и споделување на тагата и болката со скопјани од последиците кои зад себе ги остави разорниот земјотрес. Многу бројки има од тие денови кои на хартија се можеби само број, но во реалниот живот значат искрена човечка солидарност и помош кога е најпотребно, истакна Ковачевски.

Рече дека речиси секоја зграда и улица во Скопје претставува споменик на солидарноста.

-Над 80 земји оставиле толку многу зад себе Тафталиџе, Маџари, Козле, Ѓорче, Центар, засекогаш ќе се сеќаваат на долгите списоци на објекти, училишта, поликлиники, станови, детски градинки, станови, подарок од целиот свет. Музејот на современата уметност каде се наоѓаат делата на големите уметници кои на разрушениот град како подарок му ги испратија своите дела. Основното училиште во Тафталиџе, специјалната болница во Козле, но и препознатливата Универзална сала која е подарок на 37 земји во светот ќе не потсетуваат вечно на тоа што значи солидарност во најтешките моменти, истакна премиерот.

Рече дека покажаната солидарност по земјотресот во Скопје е мотив за Северна Македонија да понуди помош и поддршка на оние на кои им е потребна.

-Северна Македонија секогаш знаела да понуди помош и поддршка и да помогне на загрозените, немоќните, изнемоштените. Помогнавме и подадовме рака кога тоа беше најпотребно, бевме дел од спасувачките мисии помогнавме со учество во хуманитарни акции и со парична помош во сумирањето на последиците од катастрофалните земјотреси во Турција и Сирија. Учествувавме и во спасувачките акции по силниот земјотрес кој ја погоди Албанија каде испративме и парична помош за санирање на последиците од земјотресот. Со финансиска и хуманитарна помош помогнавме и за санирањето на последиците од големите поплави во Албанија, се приклучивме на помошта за украинскиот народ каде испративме хуманитарна и воена помош и даваме поддршка на Украина за зачувување на нејзиниот територијален интегритет и суверенитет, посочи Ковачевски.

На 26 јули 1963 година во пет часот и 17 минути се случи катастрофалниот земјотрес во Скопје, со помали потреси до пет часот и 43 минути. Животот го загубија 1 070 лица, а 3.000 беа повредени, а притоа, беа урнати 15.800 станови, а оштетени 28.000. Над 200 000 луѓе остана без покрив над главата.

По трагедијата на Скопје, Меѓународниот Црвен крст упати апел до сите национални организации да организираат исхрана за скопските деца. Интерпарламентарната унија упати препорака до сите парламенти и влади да помогнат во обновата на градот. Хуманитарните организации во многу земји пристапија кон собирање помош за Скопје.

Обединетите нации презедоа активности за плански и долгорочно да му се помогне на разурнатиот град.

По оваа седница Собранието ја продолжи 121. седница.

Би можело да ве интересира

Јавна расправа на Уставен: Апасиев обвинува за политичка дискриминација, Џафери тврди дека станува збор само за пропуштен рок

Катерина Ѓуровски

Џафери ќе му ја предаде функцијата, Мицкоски го почнува мандатот

Талат Џафери стави потпис-си дозволи да се вози во службено возило уште една година

Џафери во чест на Курбан Бајрам: Солидарноста ја облагородува душата и му дава вредност на животот

(ВИДЕО) Ковачевски: Гледаме политички пазар, без јавна дебата, за зголемување на државната управа

Горан Наумовски

Пратеничката група на Левица бара да се констатира престанок на мандатот на пратеникот Талат Џафери