Ковачевски: Граѓаните треба да бидат среќни, живеат во држава со исклучително ниво на безбедност

Од:

Разговаравме за предизвиците кои се поврзани со регионалната безбедност, меѓутоа и сајбер безбедноста, како прашање со кое сите сме засегнати во регионот, но и прашање со кое се соочуваме заедно со останатите земји-членки на НАТО, кажа премиерот Димитар Ковачевски по неформалниот состанок на лидери на НАТО сојузници од регионот кој се одржа во Скопје. Тој посочи дека имало поединци и групи кои сакаат да го нарушат нивото на безбедност на земји-членки на НАТО, вклучително и на Македонија.

„Нивото на информации кое што безбедносните служби на нашата држави ги имаат и ги споделуваат со земји-членки на НАТО во однос на поединци, групи и организации кои сакаат да го нарушат нивото на безбедноста во било која земја-членка на НАТО, вклучително и нашата е на ниво кое е незамисливо за оние кои не се детално вклучени во вакви прашања. Тоа значи дека системот на превенција, заедничко работење со централата на НАТО преку претставничката мисија, но и директната сорабокта со земјите-членки функционира на беспрекорно ниво и затоа нашите граѓани треба да бидат среќни што живеат во земја членка на НАТО која има исклучително ниво на безбедност споредбено со било која друга земја која не е членка на алијансата“, рече Ковачевски.

Според него, регионалната безбедност носи и економски просперитет.

„Регионалната безбедност ја обезбедуваме во целост преку земјите-членки на НАТО. Оваа безбедност секако со себе носи и економски просперитет. Инвеститорите од европските земји и од САД во Македонија и во регионот препознаваат можност каде што може да ги инвестираат своите пари и со тоа да обезбедат подобри и подобро платени работни места и крајно зголемување на животниот стандард на граѓаните. Членките на НАТО од регионот се гарант за безбедноста во овој дел“, кажа Ковачевски.

Тој вели дека како сојузници и демократи, лидерите од Западен Балкан градат нов регион и постојано го унапредуваат.

„Тоа може да се каже и за Северна Македонија, која одамна е пример за соживот и мирно решавање на проблемите. Наша домашна задача е да продолжиме да работиме забрзано и посветено за интегрирање во ЕУ, како што тоа го направивме со влегувањето во НАТО. Сега, членството во ЕУ зависи единствено од нас“, рече Ковачевски.

 

Би можело да ве интересира

ЕУ: Веруваме дека сме блиску до договор со САД за царините

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Не се чекаат 48 часа за потрага: Како тече постапката за пријавување исчезнати малолетници во Македонија?

Александар Тодески

На работа само до 12 – и на 29 ноември скратено работно време за администрација и училиштата поради состанокот на ОБСЕ

А1он

Снегот и ветрот турнаа и бандери, една падна врз автомобил

Александар Тодески

Столтенберг: Не гледаме воена закана во регионот, но сепак има дополнителни илјада трупи во Косово

А1он

(ВИДЕО) Ристовски: „Северна“ ќе ја избришеме со изјава за ништовност, не мора да има уставни измени

Александар Тодески