Ковачевски: Гасификацијата е приоритет за Битола

Од:

Ја носиме правдата, ја носиме демократијата, ја носиме слободата, порача Васко Ковачевски вечерва во Битола на митингот на СДСМ.

– Ја имаме истата мака, ја трпиме истата неправда. Што направија од Битола? Место последно за бизнис и за образование. Дуќаните не прават сефте ден за ден. Се раскрчмува општинскиот имот. Градот се соочува со најголемите инфраструктурни проблеми. Најголема нивна инвестиција во Битола е Владимир Талески, познат како транспортер, кој го уништи нашиот град и го врати назад 100 години. Битола е најзагаден град во Европа и во светот. Десет години лажат и продаваат магла. Затоа вечерва сме овде да го слушнете нашиот план за живот во Битола и во Македонија. Ветуваме дека во Битола ќе има почист воздух, вода и почва преку инвестиции во прочистителни станици, гасификацијата е приоритет за нас. Автопатот од Велес ќе биде нов крвоток. РЕК Битола повторно ќе биде столб на електро-енергетскиот систем во Македонија и ќе остане во рамките на комбинатот – рече тој.

– Антонио во Битола не се навива со црвено црна боја, му порача тој на Антонио Милошоски.

– Да се здружиме силно за нашите деца и внуци, за нашата иднина, да гласаме за живот – повика тој.

Би можело да ве интересира

Владата уверува дека нема недостиг на гориво, предлозите на опозицијата ги отфрла како несериозни

Филипче предлага намалување на ДДВ-то за горивата од 18 отсто на 5 проценти, намалување на акцизата за 4 денари и нула ДДВ за храната

СДСМ се приклучува на протестот против насилството врз жените, маршот за 8 Март откажан

Горан Наумовски

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он