Ковачевски: Димитров е незадоволен што не е дел од Владата, тој учествувал во градењето на позициите за Бугарија

Од:

Имаме јасни државни позиции во однос на разговорите со Бугарија, имаме усвоена Резолуција во Собранието, поддржана од сите партии, вели претседателот на СДСМ и мандатар за состав на новата Влада Димитар Ковачевски по денешната прес-конференцијата на вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров.

– Мојот впечаток е дека станува збор за изразено лично незадоволство поради завршување на неговото учество во Владата. Тоа што го кажува воопшто не е точно, смета Ковачевски.

Димитров, додава тој, лично бил дел од градењето на истите тие позиции.

– Македонскиот јазик и македонски идентитет не биле, не се, и нема да бидат тема на разговор. Дали господинот Димитров е против овие изградени државни позиции во однос на разговорите со Бугарија и во кој дел треба да каже самиот. Граѓаните да бидат спокојни дека Владата во целост ќе ги заштити националните интереси, а преговорите на ниеден начин не се загорезени со заминувањето на Димитров, вели Ковачевски.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Додека ја крадеа државата СДС, Заев и Ковачевски потрошиле и 280 илјади евра за фејсбук реклами

Катерина Ѓуровски

Ковачевски вели работел законски, очекува непристрасна постапка од институциите

Катерина Ѓуровски

МВР го објави деталите од кривичната против Ковачевски, Груби и Бајрами

А1он

Не е отфрлена кривичната пријава против Ковачевски, Обвинителство ги проверува наводите

Катерина Ѓуровски

Никола Димитров нападнат додека пазарел, вели „болно ни е општеството“

А1он

Филипче ја презеде претседателската функција во СДСМ