Ковачевски-Ципрас: Само со дијалог и решенија градиме просперитет

Од:

Премиерот Димитар Ковачевски на маргините на Економскиот форум Делфи во Атина, се сретна со поранешниот премиер на Грција и лидер на „Сириза“, Алексис Ципрас.

„Во срдечна и пријателска атмосфера, Ковачевски и Ципрас на средбата се согласија дека четири години од потпишувањето на Договорот од Преспа тој сѐ уште ги остварува придобивките со кои се реши тридеценискиот спор и со кој се воспостави стратешко пријателство меѓу Северна Македонија и Грција, се обезбеди членството на нашата земја во НАТО и се донесе одлуката за безусловен почеток на преговорите за членство во ЕУ.

Големите и далекувидни пораки што во себе ги носи Договорот од Преспа, споделија Ковачевски и Ципрас, со своето значење, особено денес од перспектива на војната во Украина и безбедносната криза во Европа, обезбедуваат основа за забрзување на евроинтеграцијата на Северна Македонија и за Западен Балкан.

На средбата беше констатирано дека спроведувањето на одредбите од договорот оди со добра динамика и дека како спогодба која обезбеди вин-вин решение за двете земји овозможува отворена и постојана комуникација меѓу Скопје и Атина во интерес на просперитетот и граѓаните на двете земји“, велат од Владата.

Би можело да ве интересира

Ковачевски вели работел законски, очекува непристрасна постапка од институциите

Катерина Ѓуровски

МВР го објави деталите од кривичната против Ковачевски, Груби и Бајрами

А1он

Не е отфрлена кривичната пријава против Ковачевски, Обвинителство ги проверува наводите

Катерина Ѓуровски

Филипче ја презеде претседателската функција во СДСМ

Ципрас: ЕУ и меѓународната заедница јасно да ги кажат последиците од непочитувањето на Договорот од Преспа

Катерина Ѓуровски

Ковачевски: Граѓаните одлучуваат дали одиме во ЕУ или се враќаме назад

Катерина Ѓуровски