Ковачевски-Брнз: Во ова кризно време членството на С. Македонија во НАТО и стратешкото партнерство со САД се од исклучително значење

Од:

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски ја прими амбасадорката на Соединетите Американски Држави Кејт Мари Брнз.

Како што информираат од Владата, премиерот Ковачевски и амбасадорката Брнз разговарале за ситуацијата во Украина при што истакнаа дека воената агресија на Руската Федерација на една суверена земја е сериозна закана за мирот и безбедноста во Европа и во светот која како таква ја оцени огромен дел од меѓународната заедница.

На средбата било истакнато дека во ова време на кризна состојба во светот вредноста и придобивките од членството на Република Северна Македонија во НАТО, и од стратешкото партнерство со САД се од исклучително значење.

Премиерот Ковачевски во разговорот со амбасадорката Брнз ги презентираше мерките на Владата за справување со последиците од економската и енергетската криза, кои дополнително се усложнуваат со војната во Украина, и истакна дека станува збор за сеопфатни мерки таргетирани да ја заштитат социјалната сигурност и стандардот на граѓаните, како и да обезбедат стабилни услови за работа на компаниите, соопштуваат од Владата.

Амбасадорката Брнз нагласи дека сегашната безбедносна криза во Европа укажува на потребата од континуиран фокус на регионот и на Северна Македонија, вклучувајќи ја и Европската интеграција на земјата, велат од Владата.

Би можело да ве интересира

Ковачевски: Нека е честит 1 Мај, СДСМ секогаш била на страната на работниците

А1он

Ковачевски: СДСМ е единствената политичка сила која може да ја внесе Македонија во ЕУ

Ковачевски: Не е точно дека со ДУИ договараме бојкот на изборите на 8 мај

Катерина Ѓуровски

Ковачевски: Денеска е првиот чекор кон големата одлука

Катерина Ѓуровски

Ковачевски: Закани и блокади не враќаат назад во минатото, никој не смее да си поигрува со иднината на државата

Ковачевски: Македонија, нема повеќе време за чекање, нема откажување од иднината