Ковачевски 30 минути ќе објаснува зошто Бугарите влегуваат во Уставот: Почнува расправата во Собрание

Од:

Премиерот Димитар Ковачевски денеска на почетокот на седницата на Уставната комисија ќе има 30 минути да го образложи амандманот за влез на Бугарите во Уставот.

Комисијата за уставни прашања во Собранието со единствена точка на дневниот ред – Предлог за пристапување кон измена на Уставот., а со неа раководи претседателот на Собранието Талат Џафери.

По усвојувањето на дневниот ред, Предлогот во 30 минути ќе го образложи премиерот Димитар Ковачевски, а по него ќе зборуваат пријавените членови и заменици на ова законодавно тело, а потоа право за збор ќе имаат и други пратеници.

Според Деловникот дебатата за уставните измени може да трае десет работни дена односно да заврши на 7 или 9 август.

Најавите се дека пријавени за збор ќе има од сите пратенички групи, како и дека на Комисијата ќе учествуваат и пратеници од опозициската ВМРО-ДПМНЕ која е против уставни измени. Се очекува тие да го образложат нивниот став против уставни измени.

Претседател на Комисијата за уставни прашања е по функција престедателот на Собранието Талат Џафери, негов заменик е Арта Биљали-Зендели, членови на Комисијата се Даниела Стојановска Пановска, Ненад Коциќ, Мартин Костовски, Емилија Рамбабова, Илија Николовски, Даниела Маркоска, Марија Ангелова, Антонијо Милошоски, Јован Јаулески, Лидија Петкоска, Гордана Сиљановска Давкова, Дафина Стојаноска, Иван Стоилковиќ, Фиснике Бектеши Шаќири, Ремзи Мехмеди, Ане Лашкоска, а шеснаесет други пратеници се заменици – членови на Комисијата.

Членот 196, став 2 од Деловникот за работа на Собранието предвидува претресот по предлогот за пристапување кон измена на Уставот во Комисијата за уставни прашања да трае најмногу десет работни дена. Член на Комисијата за уставни прашања и пратеник во текот на претресот може да говори повеќе пати во траење од вкупно 20 минути, а координатор на пратеничка група вкупно 30 минути. Претставникот на предлагачот во претресот може да говори повеќе пати, но не повеќе од 30 минути вкупно.

Одлуката за пристапување кон измена на Уставот, Собранието ја носи со двотретинско мнозинство гласови од вкупниот број пратеници односно со 80 гласови. Доколку го нема потребното мнозинство, постапката не може да продолжи.

Би можело да ве интересира

Ковачевски: Нека е честит 1 Мај, СДСМ секогаш била на страната на работниците

А1он

Митрески: Борбата за работничките права не престанува никогаш

А1он

Ковачевски: СДСМ е единствената политичка сила која може да ја внесе Македонија во ЕУ

Ковачевски: Не е точно дека со ДУИ договараме бојкот на изборите на 8 мај

Катерина Ѓуровски

Ковачевски: Денеска е првиот чекор кон големата одлука

Катерина Ѓуровски

Ковачевски: Закани и блокади не враќаат назад во минатото, никој не смее да си поигрува со иднината на државата