Ковач: ЕП нема никаква врска со екстрадицијата и азилот на Груевски

Од:

Европскиот парламент нема никаква врска со екстрадицијата и азилот на поранешниот македонски премиер Никола Груевски во Унгарија, изјави Золтан Ковач, државен секретар за меѓународна комуникација во кабинетот на унгарскиот премиер Виктор Орбан.

Во интервју за телевизијата „Ехо“, Ковач рече дека постапката за давање азил на Груевски не е политичко, туку правно прашање.

– Но, Европскиот парламент, кој нема никаква врска со тој процес, сака да го гледа како политичко прашање. Мнозинството европратеници гласаа за Резолуцијата иако немаат никаква врска со случајот со Груевски, изјави Ковач.

Според него, ЕП „го пика носот каде што не му е место“. Најголемиот грев на Груевски, вели Ковач, е што изградил ограда и ја бранел Европа од тероризмот и мигрантите.

Европскиот парламент вчера во усвоениот извештај за Македонија побара од Унгарија да го екстрадира Никола Груевски. ЕП официјално зазеде став дека „Будимпешта не треба да му одобри азил на Груевски, кој побегна со дипломатска помош од Унгарија за да избегне затворска казна, бидејќи тој чин претставува мешање во внатрешните работи на Македонија.

Би можело да ве интересира

На Груевски му застарува затворската казна во случајот „Тенк“ за набавката на мерцедесот

Катерина Ѓуровски

Груевски: Македонија станува протекторат, народот прави црни листи на избори, а не други држави

Врховниот суд пресече за „Плацеви на Водно“ – за Груевски останува казната од Апелација

Османи: Груевски треба да биде во Македонија и тука да се соочи со правдата

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Стојаноска за средби Заев-Мицкоски: Не можам ниту да потврдам ниту да демантирам

Александар Тодески

Џафери: Добив материјал со измените на Кривичниот законик, но не од Груевски

A1on