Котевски: Нема пријава до МВР дека утре ќе има протести

Од:

Портпаролот на МВР, Иво Котевски вели дека за утре до полицијата нема пријавено протести ниту од поединиц ниту од некоја невладина организација која официјално би застанала зад организирањето на демонстрациите. Засега полицијата ги следи повиците на социјалните мрежи и прибира информации, а Котевски објаснува дека министерството има капацитет и е подготвено да се справи со евентуални насилни демонстрации утре.

Освен протести против пресудата „Монструм“, по социјалните мрежи кружи и информација за контра протест пред владата закажан за во два часот.

Котевски објасни дека будно се следи ситуацијата без да ги искоментира најавите на протестите да се придружат и граѓани на Косово. Пред некој ден во Приштина беше запалено македонското знаме во знак на револт, а протести се одржаа и во Албанија.

Низ Македонија се одржаа серија протести, а последен беше оној од вчера во Куманово.

Минатиот петок ескалираше состојбата пред судот кога насилните демонстранти почнаа да ја каменуваат зградата и полицијата.

Специјалците на МВР возвратија со шок бомби и солзавец, а билансот е дваесетина повредени полицајци и над дваесет кривични пријави.

Неофицијално протестот за утре е закажан за во два часот, а пред една недела демонстрантите тргнаа по звршување на петочната молитва од пред Јаја Паша џамијата во Чаир.

Би можело да ве интересира

Кривична за четири лица за десет кражби

А1он

Полициска акција против криминална група за шврец на лекови, осомничени и вработени во Царина

Уапсен е странски државјанин на „Ќафасан“ – со фалц документи проба да излезе од Македонија

А1он

Поднесено обвинение за дел од осомничените во предметот со фалсификуваните возачки дозволи

ВИДЕО: Казнета е жената со „Поршето“ која фрлаше ѓубре во Лепенец

Во сообраќајка згасна животот на татко и син од Марино – се судрија со автомобил управуван од 19 годишник

А1он