Котевски: Наместо на албански, Белата книга требаше да се објави на македонски јазик

Од:

Белата книга на одбраната, како стратешки документ, наместо на албански јазик, прво требаше да се објави на македонски јазик, а дури потоа да се преведува. Ова го изјави началникот на Генералштабот на АРМ, генерал-мајор Горанчо Котески.

Котески не беше присутен на презентацијата на документот, што во понеделникот ја одржа министерот за одбрана Фатмир Бесими.

„Сметам дека содржината е во ред. Но, имаме различни ставови во однос на техничката изработка. Службен јазик во АРМ е македонскиот, и мислам дека треба печатената верзија да биде објавена на македонски, па потоа да биде преведена на јазиците за кои има потреба. Тоа е стратегиски документ, не е туристичка публикација. Поради тоа не бев на презентацијата”, изјави Котески, според кого во АРМ нема место за политички импровизации.

Тој го известил министерот за одбрана за своето мислење, а информираше и дека поднел иницијатива за дисциплинска постапка за четворицата униформирани припадници на АРМ кои го придружуваа министерот Бесими во полагањето цвеќе на споменикот на ОНА во Слупчане.

Би можело да ве интересира

Сиљановска-Давкова: Современата одбрана мора да ги предвидува заканите, а не само да реагира на нив

Левица: 34 години македонска армија – со преку 4% од БДП за одбрана до најслаба војска во регионот

34 години македонска армија

Почесна артилериска стрелба во пресрет на одбележувањето 34 години од македонската Армија

А1он

Нова опрема за Армијата обезбедена преку Европскиот мировен фонд

Претседателката присуствуваше на презентација на способностите на Армијата во Штип

А1он