Костовски: Рашковски организирал именување на ВД директори на лица кои не ги исполнуваат законските основи

Од:

Дарко Костовски од ВМРО-ДПМНЕ денеска на прес-конференција рече дека Драги Рашковски ќе одговара за своите незаконски дејствија и за штетата што ја нанесува на Македонија.

– ВМРО-ДПМНЕ поднесе кривична пријава против Рашковски, кој од позиција на Генерален секретар на владата, ја злоупотребил службената положба и овластување, при што сторил кривично дело според чл. 353 од Кривичниот Законик. Рашковски е исплашен затоа што е фатен во криминал. Драги Рашковски и треба да биде исплашен бидејќи хаосот што тој и СДС го креираат еден ден ќе заврши. Кога оваа неспособна гарнитура ќе си замине од власт, демократијата и правната држава ќе се вратат и секој ќе одговара за незаконските дејствија што ги сторил. Ниту Рашковски, ниту било кој друг прекршител на законите охрабрен или поттикнат од врхушката на СДС нема да биде исклучен од одговорноста. Кривичната пријава против Рашковски е поткрепена со бројни докази со кои ќе се соочи на суд. Рашковски не е над законите и треба добро да се подготви да се соочи со доказите кога ќе биде повикан на суд, а доказите се несоборливи, рече Костовски.

Тој рече дека Рашковски во периодот од неговото назначување на функција па се до денот на распишување на изборите во неколку наврати организирал именување на ВД директори, на лица кои не ги исполнуваат законските основи да бидат именувани, и не поседуваат соодветна писмена препорака од надлежен орган за места за кои тоа било потребно.

– Рашковски до седница на влада доставувал некомплетна документација за предложените кандидати, а истата ги именувала без да бидат исполнети со закон предвидените критериуми. Именуваните ВД директори кои немале соодветна писмена препорака истата ја добивале денот по назначувањето и таа била заверена од страна на архива на владата post festum. Со што исто така се вршело кривично дело. Лицата именувани на ваков начин законски се нелегитимни, а лицата кои го дозволиле сето ова мора да сносат кривична одговорност, за свесно креираниот правен хаос.Со незаконското поставување на директори, на лица кои не ги исполнуваат законските услови во опасност се става нормалното функционирање на институциите, загрозени се граѓаните и е ставен во опасност буџетот на државата, рече Костовски.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: СДС на Венко Филипче шири лаги и хистерија

Горан Наумовски

Филипче го слави системот што го спаси од обвинение, велат од ВМРО-ДПМНЕ

(ВИДЕО) Лефков: Филипче во време на здравствена криза не мислел на пациентите, туку како да го наполни џебот

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче молчеше за загадената вода во Гостивар додека беше министер

Горан Наумовски

Левица: Честитки до ДПМНЕ – Македонија стана лидер во Европа и по случаи на западнонилска треска по глава на жител

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Ние работиме, СДСМ се дави во сопствениот хаос и лаги

Горан Наумовски