Костовски: Над 80 проекти за просперитет и сигурна иднина на сите во Бутел

Од:

Мојата програма со над 80 проекти ветува просперитет и сигурна иднина за вашите деца, за општина Бутел, истакна кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник Дарко Костовски на вечерашниот митинг во Љубанци.

– Тука сум роден, тука ќе останам, тука планирам да оформам семејство, овде во Бутел сум растел со деца од различна етничка и верска припадност, никогаш сум немал проблем по основ на овие две работи, рече Костовски.

Го обвини својот противкандидат од СДСМ дека пред 10 години го напуштил Бутел, бегајќи, како што наведе, од луѓе од друга вера и јазик.

– Соживот се гради со храброст, не со лицемерие, соживот не се гради со потценујќи го своето, соживот не се гради тргувајќи со своите национални интереси. Исправени сме пред голем и историски предизвик, Бутел е се што имаме, Македонија е се што имаме, но моите деца сакам да растат во нормална општина каде што ќе нема уценети градоначалници и криминални банди, рече Костовски.

Тој ги повика жителите на Љубанци и на Бутел да му дадат поддршка на гласањето во вториот круг на 29 октомври.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Архитектот Мишел Ројкинд и Бујар Османи ја презентираа „Визија Чаир 2040“

Предраг Петровиќ

Левица со кандидати за градоначалници во Струга, Тетово, Гостивар – пратеничката Мојсоска ќе се трка за Струга

Предраг Петровиќ

Димитриески за нов градоначалнички мандат во Куманово, Лабудовиќ за Центар и поддршка од ВМРО-ДПМНЕ

Предраг Петровиќ

Градоначалникот на Росоман: Поднесената кривична пријава е политички притисок

Предраг Петровиќ

Максим Димитриевски даде отчет за сработеното: Куманово продолжува да се менува

Пенов и Пановски- кандидати за градоначалник на Скопје и носител на листа од ЛДП

Предраг Петровиќ