Костовски: Грујевски бараше да ги уништиме дисковите од системите за следење на комуникациите

Од:

На денешното судење за предметот на СЈО, „Таргет-Тврдина“, сведочеше вториот сведок на обвинителството, Звонко Костовски, инженерот во УБК, кој ги извади прислушуваните материјали од МВР.

Тој рече дека надвор од судските наредби за следење биле ставани за следење броеви групирани во таегети по професии: новинари, политичари, бизнимсмени… Костовски рече: „На маркирачот на телефонските броеви му се дава ливче со број, псведоним и име на таргетот за следење“.

Сведокот рече дека на барање на ексначалникот на петтата управа, Горан Грујевски, наместо во корисничките имиња да стојат дел од иницијалите на репродуцирачите на материјалите, во системот „Најс“, кој го наследил стариот систем „Вернит“, да стојат имиња кои никако не се поврзани со лицата кои ги обработувале материјалите.

Кога бил преминот од стариот на новиот систем за следење на комуникациите, Горан Грујевски му наредил на Костовски да ги извади старите дискови од системот за следење на комуникациите и да ги уништи.

„Извади ги дисковите и донеси ми да ги уништиме. Кажи му на човекот што е во контролата на снимање да ги исклучи камерите…“, му рекол Грујевски на Костовски.

Тој кажа дека со тоа не се согласил и побарал да биде формирана комисија.

Прв во постапката сведочеше Ѓорѓи Лазаревски. Во овој предмет обвинети се поранешниот началник на петтата управа во МВР, Горан Грујевски, и вработениот во УБК Никола Бошкоски, кои избегаа во Грција, ексминистерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, и поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков, како и шефот на неговиот кабинет, Тони Јакимовски.

Обвинети се и вравботените во УБК: Надица Николиќ, Владимир Варелов, Марјан Шумуликовски, Силвана Златкова, Васил Исакоски и Валентина Симоновска.

Според обвинението на СЈО, преку три системи за следење на комуникациите во УБК, во периодот од 2008 до 2015 година незаконски биле следени 4.286 телефонски броеви за кои воопшто не биле издадени судски наредби. Комуникацијата била следена пред да бидат издадени и по завршување на траењето на важноста на судските наредби на 1.541 број или вкупно 5.827 телефонски броеви. Прислушувани биле над 20 илјади граѓани.

Васко Маглешов

Би можело да ве интересира

Ристовска: Повторно нема да има одговорност за незаконското прислушување во државата, што е директна последица на измените на КЗ

Мијалков нема да одговара за нелегалното прислушување, застаре делото за „Таргет-Тврдина“

Рочиштето за масовното прислушување одложенo поради законските измени, Мијалков се спасува од делото „злосторничко здружување“

Александар Тодески

Дел од измените на Кривичниот законик од утре стапуваат на сила: Што ќе значат за осудените ексфункционери

Александар Тодески

Повторената постапка за „Таргет-Тврдина“ одложена за утре

Судот во Стразбур ќе ја објави одлуката за поништената аболиција на Иванов

Катерина Ѓуровски