Костовска: Двете бебиња воопшто не примиле вакцина Дитепер

Од:

Двете новороденчиња за кои во медиумите беше објавено дека постои можност да починале по прием на вакцина Дитепер воопшто не биле вакцинирани со неа, соопшти денеска Јованка Костовска, претседател на Комисија за заразни болести.

Формирана е комисија која ќе изврши контрола кај матичниот лекар, кај тимовите за вакцинација и секаде каде што биле лекувани овие деца или биле примени пред да им биде констатирана смрт. Се чекаат резултатите од обдукцијата кои треба да покажат од што настапила смртта, информира Костовска.

Едното од бебињата било на двемесечна возраст, а другото имало еден месец. Едното е од Студеничани, а другото од Шутка.

Дитепер вакцина се дава, како што појасни Кокстовска, дури по наполнети три месеци.

Дел од медиумите претходно објавија дека едното од новороденчињата починало на 1, а другото на 3 март, отако примиле вакцина Дитепер.

Би можело да ве интересира

Алиу: Се воведува дигитално водење на медицинската документација

Лекарите од дефицитарни специјалности ќе може да работат до 70 години

Министерство за здравство: Законот за заштита од пушење не се одложува

Во завршна фаза комплетното реновирање на КАРИЛ и на четири операциони сали

А1он

Здравството не може да се реформира „на слепо“, Алиу објави регистер на вработените

Катерина Ѓуровски

Граѓанските организации апелираат: Превенцијата не е трошок, туку инвестиција!