Костадиновски: На македонската политичка сцена се уште опстојува примитивен политички менталитет

Од:

Претседателот на Уставен суд на Република Северна Македонија, Дарко Костадиновски, реагираше на соопштението на политичката партија Левица, истакнувајќи дека нема да коментира политички ставови, но чувствува обврска да одговори на, како што наведе, личните дисквалификации и навреди упатени кон него.

-Како претседател на Уставниот суд, останувам доследен на својот принципиелен став да не коментирам ничии политички ставови изнесени во јавноста. Сепак, овој пат, бидејќи се работи за лични дисквалификации, навреди, чувствувам должност да констатирам дека за жал, на македонската политичка сцена се уште опстојува примитивен политички менталитет. Истовремено сакам и да изразам жалење што на мојот професионален живот и лична кариера, некој упорно им дава политичка димензија, истакнува Костадиновски во писмената реакција до медиумите.

Костадиновски порачува дека одлуката каде ќе ја продолжи својата кариера по истекот на мандатот е негов личен избор и легитимно право, како и на секој граѓанин кој ги исполнува законските услови за вршење одредена професија.

-Прашањето каде по завршувањето на мандататот ќе продолжи мојата кариера и дали тоа ќе биде универзитетската заедница претставува мој личен избор, како и легитимно право на секој граѓанин кој ги исполнува законските услови за вршење одредена професија, наведува Костадиновски.

Осврнувајќи се на критиките поврзани со неговиот можен ангажман во академската сфера, тој посочи дека единствено релевантни критериуми се неговото научно творештво, професионалното искуство и потребите на академската заедница.

-За конкретното прашање со кое се преокупирани некои политички структури, релевантни се следниве критериуми: моето научно творештво и искуство, како и потребата на академската заедница од таков кадар. А, овие критериуми кои е лесно да се објективизираат секако не зависат од било кој политичар и неговите преференци, нагласува претседателот на Уставниот суд.

Би можело да ве интересира

Левица: Игнорантниот Мицкоски прашува „Каде има корупција?!“, Рокас му одговара – во вашата власт, премиере!

Горан Наумовски

Левица: Орце и ДПМНЕ повторно ги оставија жртвите на семејно насилство на цедило – не ги обезбедија ветените субвенции за кирии

Горан Наумовски

Левица: ДПМНЕ и СДСМ беседат само за ЕУ, а извештајот на ЕК ги потврдува критиките на Левица за корумпираните политики

Катерина Ѓуровски

Левица: Фемицидот во Богданци е уште еден доказ дека полицијата не ги штити жените кои пријавуваат насилство

Левица: ДПМНЕ не може да ги натера сопствените кадри да соработуваат, па го укинува законот за координација на тајните служби

Левица: Под власта на ДПМНЕ, фондовите трупаат станови, а граѓаните се задолжуваат до пензија за еден