А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Костадиновски ги демантира тврдењата на Николовски за проектот „Јапонска помош“

by А1он07/05/2016 - 16:0607/05/2016 - 16:19149
Share0

Заминик-министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Ванчо Костадиновски ги демантира обвинувањата што ги изнесе денеска дополнителниот заменик министер Љупчо Николовски за злоупотреби на јапонската помош за земјоделска механизација.

Добивај вести на вибер

Костадиновски при денешната посета на Пехчево рече дека Николовски немајќи идеи и понуда со конкретни проекти за подобрување на животот на земјоделците или состојбата во земјоделството, изнел обвинувања за работи направени во време на министерот Славко Петров.

– Нормално мора и ќе има одговорност за тие предмети за кои истрагата ќе утврди дека имало пропусти, а впрочем, за надминување на тој проблем. Во Министерството од кога ВМРО ДПМНЕ е на власт, на барање на земјоделците, а поврзано со јапонската помош и средствата од помошта за набавка на механизација, овозможивме оние кои не се во можност да ги отплаќаат долговите и ратите, да може да се пребива со субвенициите, на кои имаат право и редовно ги остваруват, изјави Костадиновски.

Сите оние кои во претходниот период немале можност да ги отплаќаат долговите, додаде, ќе бидат повикани во соодветна постапка да ги порамнат своите долгови со субвенциите кои ги остваруваат. – За криминалите кои ги спомнува дополнителниот заменик-технички министер во оставка, го упатувам малку да пролиста, да види во нивното време како се доделуваа земјоделските машини, без каква било основа и каков било акт и во таа смисла се доведувани во заблуда и на неоснован начин во нерегуларна постапка да бидат доведени во тешка состојба. Како и да е, одговорност мора да има, а одговорноста ќе биде на тие кои во тоа време ја извршила та недозволена постапка, рече Костадиновски.

mzsv

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Петрушевски: Арекспорт со договор кој го потпишал Љупчо Николовски се обврзале на инвестиција од над 2.4 милиони евра, не реализирале ниту 300 илјади

Горан Наумовски12/09/2024 - 11:11

Кривична пријава за несовесно работење во службата против двајца членови на комисија во МЗШВ

Горан Наумовски08/03/2024 - 13:21

МЗШВ: Системот за авионско засејување на градоносни облаци е добар проект со кој 80% ги заштитуваме земјоделските површини

Ана Ололовска31/08/2022 - 14:1931/08/2022 - 14:27

(ВИДЕО) Заев и Хоџа: Со акцијата за пошумување ги обновуваме зелените површини за здрава животна средина

Ана Ололовска03/10/2021 - 12:47

Од утре делумна забрана за движење во шумите

Ана Ололовска01/07/2021 - 10:43

Вкупно 600.000 евра поддршка од МЗШВ за четири факултети – ќе се опремуваат лаборатории и ќе се реализираат научно-истражувачки проекти

Ана Ололовска03/03/2021 - 12:3403/03/2021 - 14:01
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен