(ВИДЕО) Костадинов: Пишев е срам за Струмица, неговите зборови се потврдени невистини

Од:

Криминалната власт на ВМРО-ДПМНЕ не може да го покрие својот криминал со измислени лаги во коишто никој не верува. Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Васил Пишев е срам за цела Струмица. Кутриот Пишев, добил наредба од врвот на неговото криминално раководство на партијата, како знае и умее, да измисли нешто за да го напаѓа градоначалникот Зоран Заев, само со една цел – да ги покрие и сокрие сите криминални активности на ВМРО-ДПМНЕ, рече портпаролот на ОО СДСМ Струмица, Костадин Костадинов.

„Лагите на Пишев се потврдени невистини. Дури и самиот Пишев мавташе со погрешни документи пред камерите со што бесрамно ја лаже целокупната јавност. Да се презиваш ПИШЕВ, а ПИШАНОТО да не знаеш да го прочиташ како што треба, е срамно.

Арно ама, според поговорка која вели „Домашниот есап на пазарот не излегува“ , есапот на Пишев да ги оцрни Заев и фирмата Тритерол не му излезе пред јавноста како што тој замисли. Вистината излезе на виделина и се покажа дека Пишев излажа уште еднаш. Реакцијата од Општина Струмица и демантот на „Тритерол“ покажаа дека Пишев повторно е ставен во стапица како се служи со невистини.

Бурата од реакции на граѓаните од цела Македонија покажаа што мислат тие за Пишев и за неговите инсинуации. Но кога Васил Пишев е во прашање, тогаш таквите негови „излети“ не се ништо ново.

Што да се каже за човек кој покажува среден прст, а потоа вели дека играл рап ?

Што да се каже за човек кој пред Антикорупциската комисија прикажува еден извештај за неговата имотна состојба, а криејќи ги своите недвижнини и бизниси во Бугарија, таа состојба е сосема друга. Што да се каже за човек кој иницираше разни незаконски мерки за да го избегне поразот од Заев на последните локални избори. Од таков човек и „квазиполитичар“ не може да се очекува ништо друго, освен и понатаму да држи прес конференции во кои се користи со гнасни лаги.

Му порачуваме на лажниот струмички рапер, дека залудни се сите негови обиди. Тој, неговиот лидер Груевски и неговата ВМРО ДПМНЕ, мора да ги пакуваат куферите. Правдата се враќа, следува одговорност. Нема спас за Никола Груевски и неговото криминално друштво, рече Костадинов.

Би можело да ве интересира

Зад рудникoт за антимон во Крива Паланка стојат донатори на ВМРО-ДПМНЕ, тврди СДСМ

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе закон: двојно државјанство да немаат ниту министрите во Владата и да важи веднаш

СДСМ: Груевски има унгарски и српски пасош

Филипче: Лажниот патриотизам заврши, власта ја враќаме назад кај граѓаните

А1он

Петровска: СДСМ не се само четири букви, многу повеќе од статистика и празни фрази

А1он

(ВИДЕО) Кузеска: Со празни фижидери најдобро знаат за бајките на Мицкоски за 3-та економија во Европа