(ВИДЕО) Костадинов: Патот кон членство во ЕУ и НАТО е отворен

Од:

Собранието на вчерашното гласање за уставните измени донесе историска одлука, а Македонија избра светла иднина наместо изолација и темно минато, изјави пред новинарите пратеникот од редовите на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Костадин Костадинов.

„Патот кон полноправно членство во ЕУ и НАТО е отворен, а најголема заслуга за тоа имаат граѓаните, но и 80-те пратеници во Собранието кои слободно, по сопствено убедување и низ демократска постапка гласаа за иднина во ЕУ и НАТО. Историјата долго ќе го памети изборот што пратениците го направија вчера“, оцени Костадинов.

Пратеникот додаде дека овој чекор ќе ја определи иднината на нашата земја, граѓаните, но и генерациите кои доаѓаат. Тој ги прозва актуелниот и поранешниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и Никола Груевски, како и партиското раководство, обвинувајќи ги дека уште еднаш ја потврдиле нивната анти-западна политика.

Кристина Озимец

Би можело да ве интересира

СДСМ: Дефокусот за Дака не го полни празниот фрижидер

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски