“Законот за ЈО е темел за неселективната правда и секој кој се огрешил пред законот ќе одговара за сторениот криминал.
СДСМ и коалицијата, е на страната на правдата наспроти Христијан Мицкоски кој се обидува да го спречи носењето на законот, за да се спасат од одговорност бандитите од ВМРО ДПМНЕ.
Мицкоски работи по нарачка на неговиот ментор од Будимпешта,но им порачувам дека нема да им успее.
Ги повикувам пратениците да остaнат доследни, да го подржат законот за ЈО, за кој има поддршка од нашите партнери од меѓунaродната заедница.
Бомбите остануваат докази до 30.06,како што беше предвидено, нема да има скриена амнестија за никого.
Усвојуваењето на законот ќе значи чекор напред за бсшата европска интеграција. Почитивани колеги наша одговорност е да овезбедиме владеење на правото и независно сусдство”, рече пратеникот Костадин Костадинов од собраниската прес сала.
На прашњето дали има мнозинство и дали законот за ЈО ќе помине Костадинов вели дека очекува поддршка од 80 пратеници.
” Не можам да кажам кога ќе се гласа, тоа зависи од претседателот Џафери.
Не колегијално е да кажам дека имаме 80 пратеници имаме врзни во крпче, но очекувам, и оптимист сум дека повеќе од 80 пратеници ќе застснат зад зaконот и ќе се стават на страната на правдата”, рече Костадинов.
Додаде дeка за сега нема пристигнато предлог за нов технички министер на местото на Рашела Мизрахи.
Тој кажа и дека очекува се отвори и дебата за законот за совет на јавни обвинители кој исто така важен за правото и правдата.