(ВИДЕО) Костадинов: Лагите за поткуп, уцени и притисок ВМРО-ДПМНЕ нека ги докаже на суд

Од:

Претеникот од редовите на СДСМ, Костадин Костадинов на прес-конференција реагираше на обвинувањата на генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев за уцени и поткуп на пратеници со цел гласање за уставните измени.

– Антизападното и антимакедонското раководство на ВМРО-ДПМНЕ лаже. Ги демантираме лагите дека мнозинството прави притисок или на било кој пратеник му се нудени пари или му е заканувано, рече Костадинов и најави оти за таквите обвинувања ќе бидат поднесени тужби.

– Овие огромни лаги, во клучни моменти за иднината на земјата, нека ги докажат на суд, рече Костадинов.

Според него, Мицкоски ги поминал сите граници.

– Новинарите се сведоци за атмосферата во Собранието, пратениците слободно се движат и комуницираат. Мицкоски и Груевски љубат само криминал, а не Македонија, рече Костадинов.

Тој ги повика пратениците слободно да делуваат и да му се спротивставеле на антизападниот Мицкоски.

Костадинов повтори дека седницата ќе започне во 21 часот и дека по дискусијата ќе се види дали има двотретинско мнозинство за пристапување кон измени на Уставот.

– Правиме напори да ги ослободиме пратениците од ВМРО-ДПМНЕ да гласаат слбоодно, рече Костадинов на прашање зошто се одложува седницата.

Галена Николовска-Ризвановиќ

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски

Филипче обвини дека Петре Шилегов одработува за ВМРО

Катерина Ѓуровски