(ВИДЕО) Костадинов: Иванов е последен остаток од режимот на Груевски

Од:

Добрата вест е што претседателот Ѓорге Иванов си заминува, бидејќи тој е последен остаток од режимот на Никола Груевски, изјави пратеникот на СДСМ, Коста Костадинов.

Според него, Иванов десет години бил марионета на режимската ВМРО-ДПМНЕ и во тој период не излегол во јавноста за да се обрати за клучни прашања како што се – гушењето на демократијата, затварањето на медиумите и кршењето на човековите права.

„Со противењето на Договорот од Преспа тој е против ЕУ и НАТО и јасно ја покажува неговата улога на антизападен политичар”, рече Костадинов. Тој вели дека пратениците бурно реагирале и довикувале за време на говорот на претседателот, бидејќи бил полн со лаги и со невистини, ги навредил пратениците и демократскиот дом и ги потценил граѓаните.

Габриела Димковиќ-Мишевска

Би можело да ве интересира

СДСМ: Дефокусот за Дака не го полни празниот фрижидер

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски