Костадинов: Големи се фрустрациите и стравот кај Мицкоски од поразите па затоа пратениците на ВМРО-ДПМНЕ блокираат важни закони во Собранието

Од:

Со месеци целата јавност гледа деструктивно, неодговорно однесување на ВМРО-ДПМНЕ овде во Собранието. ВМРО-ДПМНЕ безобразно ја злоупотребува ситуацијата со пратеници заболени од ковид и со пратеници кои се изолација, за да ги кочи сите важни процеси и закони за граѓаните.Денес немаше да бидеме во ваква ситуација ако ВМРО-ДПМНЕ не се противеше и не го блокираше измените на Деловникот за работа со што можеше да се обезбеди работа од далечина на пратениците позитивни на ковид или се во изолација – рече на прес конференција пратеникот на СДСМ, Костадин Костадинов.

„До каде оди нивната деструктивност зборува и фактот што денеска од ВМРО-ДПМНЕ најавија дека ќе ја блокираат и утрешната седница на која се и барањата за интерпелација поднесени токму од ВМРО-ДПМНЕ, како и Информација во врска со актуелните состојби во здравството, исто така поднесена токму од ВМРО-ДПМНЕ. Пратенциите на ВМРО-ДПМНЕ да не бараат алиби и да нудат оправдувања за нивните блокади туку да почнат да работат за граѓаните. Очигледно дека големи се фрустрациите кај Мицкоски од шесте порази од граѓаните, огромен е стравот од следниот извесен пораз на есен, па затоа негвоите пратеници овде во Собранието кочат и блокираат“ – рече Костадинов.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Ако Филипче сфаќа што збори тогаш веројатно е свесен дека става нова јамка на вратот на македонскиот народ

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски ги предаде македонските национални интереси!

Премиерот Мицкоски во политичко-економска посета на Унгарија

Мицкоски: Остануваме на ставот за една изборна единица

Мицкоски: Никој однапред не може да има увид во говор на првата дама на САД

Мицкоски: Цената на горивата се очекува да има влијание врз инфлацијата, но не големо

Горан Наумовски