Косовскиот министер Аљиу: За реализирање на патот Тетово – Призрен сме во фаза на финансиски договор

Од:

Косовскиот министер за животна средина, просторно планирање и инфраструктура, Љибурн Аљиу на денешната прес-конференција со претседателот на Демократската унија за интеграција Али Ахмети информира дека за реализирање на патот Тетово – Призрен веќе има подготвено физибилити студија Владата на Република Северна Македонија и посочи дека сега се во фаза на финансискиот договор за реализирање на проектот.

-Овој пат веќе има физибилити студија која ја изработи Република Северна Македонија. Во фаза сме на финансиски договор за да го реализираме проектот, дизајнот и за заедничкиот тунел и потоа да преминеме во фаза на целосна реализација на овој проект. Овој проект, покрај поврзувањето на Призрен со Тетово, го поврзува и делот од Националниот парк Шар Планина во делот на Република Косово со делот на националниот парк во делот на Република Северна Македонија. Овие две области имаат исклучителни вредности и можности за економски развој преку зимскиот и летниот туризам и оваа рута ќе создаде можност за заедничко управување со Националниот парк и управување со развојот на туризмот за двете земји, рече Аљиу.

Ахмети изјави дека од интерес на нашата земја и Република Косово е да продолжи оваа комуникација и соработка бидејќи, како што рече, тоа е во интерес на двете наши земји.

-Но да се соработува и со другите земји од регионот како што се Република Албанија, Грција, Бугарија, Србија и да се зајакне соработката меѓу земјите од регионот. Секако дека сме силни инвеститори во насока на мирот, стабилноста, безбедноста и безбедна иднина на регионот кој не повеќе од 20 години е во конфликти и војни со сериозни последици, а пристапот што сега се применува е во корист на сите наши земји. Но, за оваа заложба да биде успешна и директно да се одрази и на народите и на државите, рече Ахмети.

Косовскиот премиер Албин Курти и градоначалникот на Тетово Биљал Касами на 11 август се заложија за побрза изградба на патниот правец Тетово – Призрен кој би минувал низ Шар Планина.

Касами тогаш истакна дека ако централната власт нема интерес, како локална власт ќе направат обид да се реализира идејата за инфраструктурно поврзување на двата града од двете страни на границата.

-Ако Владата нема интерес да се реализира делот од патот Тетово – Призрен согласно студијата и веќе договорените работи со Владата на Република Косово ние како локална власт во рамките на нашите надлежности и можности нема да стоиме со скрстени раце, ќе работиме како што веќе инвестиравме на овој важен дел од седум километри на патот од Селце до Вејце за да го правиме и другиот дел. И во тоа ќе бидеме во блиски контакти и со Владата на Република Косово и со локалната власт во Призрен за да се реализира овој дел. Исто така, ние ги охрабруваме од Владата во Република Северна Македонија да работат сериозно во делот на реализацијата на патниот правец Тетово-Призрен согласно студијата која е направена и согласно договорите кои се договорени, истакна Биљал Касами.

Би можело да ве интересира

Ахмети: Aлбански народ ќе го брани албанскиот јазик што е постигнат со пожртвуваност

Таравари: Ако има избори следната година, Ахмети во 2026 ќе бара нови

Катерина Ѓуровски

Предвремени парламентарни заедно со локалните избори е решението за кризата со легитимитетот му рекол Ахмети на Рокас

Али Ахмети: Заедничките парламентарни и локални избори во октомври 2025 година

ВРЕДИ: Ако Ахмети навистина сака предвремени парламентарни избори, нека депонира писмена гаранција дека кога ќе загуби ќе си замине од политиката

Ахмети му одговори на Мицкоски: Како што побаравте, нека одлучат граѓаните за која опција се, по година и пол ваше владеење

А1он