Најавите за панихиди за Мара Бунева во земјава СДСМ ги смета за провокација којашто најостро ја осудуваме, вели потрпеседателката на СДСМ Кристина Костова.
– Очекуваме институциите на државата да не дозволат било какви испади или навреди на достоинството и националните чувства на македонскиот народ, ниту пак да дозволат злоупотреба на овие настани за нови тензии, рече Костова.
Виктор Стојанов претседателот на Фондацијата Македонија кој има забрана за влез во Македонија повикува на панихида за Мара Бунева в недела на 12 јануари на кејот на Вардар во Скопје и во црквата Свети Димитрија. Според неговата објава на социјалните мрежи, панихиди за Бунева ќе има и во Тетово, Струмица и во Прилеп.