Пред зградата на Собранието на Република Македонија вчера при ископ со градежна машина се пронајдени коски и череп слични на човечки, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи.
Коските се однесени на вештачење во Судска медицина.
Зградата на Собранието комплетно се реновира, реконструира, а извршена е и надградба. Во моментов се работи и на фасадата на дел од зградата.