Кос: Очекувам Македонија да го промени Уставот и после тоа навистина да го забрзаме процесот

Од:

Новата еврокомесарка за проширување Марта Кос, во изјава за медиуми веднаш по одобрувањето на новиот состав на Европската комисија, очекува Северна Македонија да го промени Уставот, бидејќи, како што рече, тоа е нешто на коешто смета Европската Унија.

-Тоа е нешто на коешто сметаме. Ништо помалку, ништо повеќе. Верувам дека тоа е можно, и после тоа навистина да го забрзаме процесот, нагласи Кос.

На прашањето дали после тоа може да се дадат гаранции дека нема да има други блокади, Кос рече дека таа не е онаа којашто може да даде одговор на тоа прашање.

Во однос на тоа како може да се реши проблемот со Бугарија, Кос рече дека треба да се разговара што е можно повеќе.

-Да се зборува, што е можно повеќе, и со Северна Македонија и со Бугарија. Мора да покажеме дека тоа е во наши раце, како да го решиме овој билатерален проблем. Без ова, а следејќи ги европските вредности, нема да можеме да го направиме она што е најдобро за ЕУ, и секако што е најдобро за Северна Македонија, рече Кос.

Таа оцени дека проширувањето денес е поинакво отколку пред пет години.

-Променета е геополитичката ситуација, динамиката на проширувањето денес е сосема поинаква. Постојат реални шанси во следните неколку години, да доведеме неколку држави до крај на процесот, за нивен влез во ЕУ. Не знам кои се тие држави, но ќе бидат оние кои ќе ги исполнат сите услови, нагласи Кос.

На прашањето дали 2030 година е реална за влез на Западен Балкан во ЕУ, таа кажа дека нејзиното назначување ќе биде позитивно за регионот.

– Моето назначување мислам дека е позитивно за Западен Балкан, ќе имам блиска и тесна соработка колку што е можно повеќе со државите, кои се подготвени да влезат во ЕУ, да ги посетам сите, навистина да работиме за нивен влез во ЕУ, истакна новата еврокомесарка за проширување и соседска политика.

Би можело да ве интересира

Кривичен суд: Одложено судењето за предметот „Адитив“

Левица: Полицијата на Тошковски и ДПМНЕ ја гуши тагата наместо да носи правда

ВМРО-ДПМНЕ: Кога се зборува за економија и животен стандард, СДС треба да се скрие и да молчи

ВМРО-ДПМНЕ: СДС да го праша Филипче дали се живее лошо во Македонија и од каде му се парите за забави на јахта со Заев

СДСМ: Цените растат постојано, трошоците за живот секој месец се повисоки, а платите стагнираат

Предраг Петровиќ

Лишени од слобода возачи во Кавадарци, Куманово, Неготино, Скопје и Битола, возеле под дејство на алкохол, двајца предизвикале и сообраќајни несреќи