„Корпа“ за Панчевски од Шопова: Барањето е недозволиво

Од:

Претседателката на Апелационот суд во Скопје го отфрли барањето на претседателот на Основниот суд Скопје 1, Владимир Панчевски за нејзино изземање во одлуките по предметот за дивоградбата во кој е инволвиран како инвеститор.

Таа во службениот допис му сугерира дека „таквото негово барање е недозволиво“.

panchevskidok

– Не постојат причини за изземање во смисла на член 36 став 2 од ЗКП, односно не постојат околности кои предизвикуваат сомневање во пристрасноста на постапувањето. Во поднесеното барање за изземање не се наведени ниту образложени конкретни причини поради кои се бара изземањето освен што како причина се наведува воспоставените колегијални односи меѓу мене како Претседател на Апелациониот суд Скопје со подносителот на барањето како Претседател на Основниот суд Скопје 1, која околност не може да претставува причина за изземање која би предизвикала соменвање во непристрасноста при одлучување по барање за изземање на судија од понискиот суд во постапување во конкретен предмет, пишува во одговорот од претседателката на Апелациониот суд.

Шопова му пишува на Панчевски дека „барањето за изземање на Претседателот на Апелациониот суд Скопје од Претседателот на Основниот суд Скопје 1 е недозоволено и треба да се отфрли како такво со оглед дека истиот не е странка во постапката и во својство на Претседател на Основниот суд Скопје 1 не може да бара изземање на Претседателот на непосредно повисокиот суд, напиша Шопова.

Претседателот на Кривичниот суд, Владимир Панчевски кој е инволвиран во спорот со Центар, ја злоупотреби службената положба за да издејствува позитивен исход за неговата дивоградба. Откако неговото семејство изгради без дозвола два ката сред Центар од 560 метри квадратни, што е кривично дело, на 7 ноември ја искористи позицијата претседател на судот за да ја поништи одлуката на Апелациониот суд кој одлучи да ги изземе него и судијката од претходната постапка во натамошно одлучување.

Панчевски, во својство на претседател на Кривичниот суд и со печат на судот побара да се поништи одлуката за негово изземање, а да се изземе претседателката на Апелациониот суд Љиљана Шопова Ивановска која ја донесе одлуката.

Панчевски сметаше дека одлуката на Шопова да биде изземен како претседател на Основниот суд Скопје е незаконска, зашто не постапувал како судија.

Ваквата Ваша одлука е скандалозна и правно небулозна, наведе Панчевски во барањето како и тоа дека одлуката била навреда за неговиот личен итегритет и на судиите во одделот, зошто не бил оштетен со уривањето на објектот кој „на диво“ го изгради неговото семејство.

Би можело да ве интересира

Судијата Владимир Панчевски влезе во затворот во Шутка да си ја одлежи казната

Кристијан Ландов

Врховниот суд му ги одби барањата на Панчевски за да се преиспита дали треба да оди во затвор

Кристијан Ландов

Панчевски е среќник: Пресудата укината поради причина која судиите ретко ја ценат

Кристијан Ландов

Панчевски по само 13 дена во затвор, излегува на слобода

Експретседателот на Кривичен, Панчевски сам се пријави во затворот во Шутка

Кристијан Ландов

Намалена затворската казна на поранешниот претседател на Кривичниот суд Скопје, Владимир Панчевски

А1он